Истражување откри неочекувана последица од заедничко живеење пред брак

Дали се согласувате?

Паровите сè повеќе избираат да живеат заедно пред брак, а додека некои експерти го поддржуваат трендот опишувајќи го како корисен чекор пред да кажат судбоносно „да“, тоа може да има негативно влијание врз сексуалниот живот.

Една неодамнешна студија објавена во списанието „Sex Research” покажа дека паровите кои живееле заедно пред брак, поретко воделе љубов уште во првата година од бракот и покажале помала стапка на сексуално задоволство од паровите кои започнале заеднички живот само по брак.

Студија на 113 хетеросексуални парови ги набљудувала стапките на сексуално задоволство во текот на првите четири години од бракот. Истражувањето исто така се осврна на факторите што можат да влијаат врз сексуалниот живот на двојката, како што се да живеат заедно или да имаат деца пред да стапат во брак. Двојките кои биле следени биле, во просек, во доцните дваесетти години, а нивните етнички припадности биле разновидни. 

Прочитајте и: 33 години била грижлива мајка и беспрекорна сопруга: „Еве како сѐ ми се врати!“

Покрај тоа што откриле дека паровите кои живееле заедно пред брак во првата година од брак, помалку уживаат во сексот, исто така, откриено е дека подолгата врска (една година или повеќе), исто така, има негативно влијание врз сексот во првата година од бракот. Од друга страна, децата не влијаат значително врз сексуалниот живот на парот.

Разликата во зачестеноста на сексот помеѓу луѓето кои биле во врска подолго време и оние кои биле во врска пократко време, исчезнува по четири години брак. За паровите кои имаат деца пред да стапат во брак, забележано е дека во четвртата година, фреквенцијата на сексуални односи започна да се зголемува, што не е секогаш случај за паровите кои немале деца.

Според авторите на ова истражување, потребни се понатамошни истражувања за подобро да се разбере како се менува сексуалниот однос на двојката во првите неколку години од бракот и како овие промени може да доведат до можен развод.

5 работи поради кои вашата врска нема иднина

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.