33 години била грижлива мајка и беспрекорна сопруга: „Еве како сѐ ми се врати!“

Конечно го нашла својот мир

Живее сама, има добар однос со децата и тоа ѝ е сосема доволно

Како човек може да биде сам во брак? Осамен, а опкружен со луѓе? Како еден 33 години долг брак се сведува на разумен развод? Го пренесуваме искуството на една жена која токму тоа го доживеала…

Секогаш сум била добра, грижлива мајка, нежна, без пороци и лоши навики. Моите деца секогаш ми верувале. Имам три: два сина и ќерка. Последниот син го родив на 37 години, со голема разлика во годините во однос на поголемите деца.

Работев цел мој живот, но некако малку трошев на себе – повеќе за децата, за домот, за удобност. Никаде не одев, а сакав… Пред бракот секогаш одев некаде на одмор.

Мојот сопруг не беше лош, по сите стандарди: не пиеше, не пушеше, сѐ беше навидум во ред. Но… кога наполнив 55 години, децата веќе беа самостојни и сфатив дека не сакам повеќе да живеам така и дека не потреба веќе од тоа.

Мојот сопруг има скапо хоби – три чистокрвни ловечки кучиња, разновидно оружје, воки-токи, но мене не ми дозволува да имам ниту мачка дома, бидејќи тој не ги сака. И не сака многу од работите што јас ги сакам. Сето тоа мене ми е оневозможено, бидејќи нему му пречи.

Во септември (тоа беше пред 6 години) му предложив да се разведеме – му го дадов целиот имот во замена за мир и слобода. Се согласи веднаш, бидејќи дотогаш врската речиси исчезна, децата не беа дома, а тој немаше желба да направи што било за мене.

Веќе во ноември се преселив во мој мал стан. Со еден куфер отидов сама во празни ѕидови. Бев толку среќна! Почнав постепено сѐ да средувам.

Поминаа 6 години од разводот, а сега секоја година одам на море, на концерти, на различни излети во други градови. Имам две мачки. Многу добро се согласувам со моите деца. Сега имам мир за каков што не сум ни сонувала. Мислам дека настапи најубавиот период во мојот живот и не сакам ништо да менувам. Не сакам повеќе да се мажам – бев во брак 33 години…

Михаил Лабковски: Сексуалноста не е во младоста и убавината, еве што треба да правите за да бидете секси!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.