Музиката ќе го спаси светот: Концертот на Андреја Бочели во празната катедрала Дуомо

Ангелски глас

Италијанскиот тенор Бочели им приреди огромен подарок не само на неговите обожаватели, туку и на секој што не можеше да присуствува на службите во чест на католичкиот Велигден.

На празната катедрала Дуомо во Милано на 12 април, тој приреди концерт кој веќе го гледаа скоро 33 милиони луѓе. Бочели го придружуваше само еден музичар – органистот во Дуомо, Емануел Виланели.

Во емитувањето на YouTube, милиони гледачи низ целиот свет можеа да слушнат добро познати дела од црковната музика, „Домина Деус“, „Аве Марија“, „Санта Марија“, во толкување на Бочели во внатрешноста на катедралата.

30-минутниот мини концерт на Бочели беше симболична порака на qубов, надеж и поддршка за лекување на сите оние кои се погодени од коронавирусот.

Прочитајте и: Музејот на модерна уметност МоМА започнува онлајн курсеви

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.