Шокантно! Актерот сред говор на доделувањето на наградите „Еми“ почна страсно да го бакнува својот колега! (ВИДЕО)

Мора да го погледнете видеото...

Синоќа се одржа 75-тото доделување на Еми наградите. Хумористичната серија „The Bear“ која ја следи приказната за успешниот готвач Карми и неговите соработници освои дури шест награди на Еми наградите и со тоа стана апсолутен победник на вечерта.

Авторот на серијата, Кристофер Сторер, не можеше да присуствува на церемонијата на доделување поради заразување со коронавирус, па наместо тоа, говор одржа Мети Метисон кој игра електричар во серијата.

Што има? Само сакам да им се заблагодарам на рестораните воопшто и на целата угостителска индустрија“ – го започна говорот, но во следниот момент неговиот колега, Ебон Мос Бакрак дојде до него и страсно го бакна.

Бакнежот траеше доста долго, а потегот на актерот ги изненади сите присутни, вклучително и Метсон.

„Те сакам, Ебон!“ – рече Метсон, а потоа продолжи со говорот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.