Кои хороскопски знаци најдобро се бакнуваат?

Дознајте кои се тие...

Најсензуалниот и најемотивен момент – бакнежот. Да видиме кои хороскопски знаци знаат најдобро да се бакнуваат…

Овен

Со овој знак владее Марс а неговиот елемент е оган. Тоа значи дека претставниците на знакот се моќни, силни луѓе и не толерираат поразлично мислење. Така е и во љубовта. Бакнежот ќе биде страстен и доминантен. Воден од страста, овенот може да гризе или да биде малку погруб.

Близнаци

За близнаците не е важен само моментот на контакт, туку атмосферата која владее во текот на целото излегување. Нив ги привлекува мистерија, игра на зборови… Средбата треба да се претвори во игра на погледи, гестови, допири. Иако, технички гледано, Близнаците одлично се бакнуваат!

Лав

Можеме да кажеме дека избраничката\избраникот на лавот има среќа. Овој хороскопски знак има богато лично искуство, па ќе ја заведе саканата личност уште од првиот бакнеж – мајстор е за тоа, ги знае сите техники и трикови. Лавот е страстен и емотивен знак, во него лесно се разгорува огнот и не за џабе спаѓа во елементот оган. Но, партнерите на лавот мора да играат по негови правила, и се разбира да го величат – тој секогаш чека реакција, восхит. Тој е најдобар, тој е кралот!

Девица

Некои дури велат дека никој не е подобар бакнувач од Девицата. Веројатно, ова мислење се појавило поради прекумерната педантност на овој знак и перфекционизам. Девиците секогаш внимателно се подготвуваат за се. Ќе преферираат фантазија, ќе ја идеализираат љубовта, ќе го чекаат вистинскиот момент. Ниту чувствата на Девицата не се палат веднаш – туку постепено, акумулирајќи нежност. За бакнеж, скромните и срамежливи Девици избираат затскриени места, далеку од љубопитните очи, а самиот бакнеж ќе биде чесен и правилен – искрен и неизбрзан.

Вага

За вагите бакнувањето е уметност на нежност и заведување. Претставниците на знакот суптилно го чувствуваат својот партнер, предвидувајќи ги неговите желби. Тие се многу страсни по природа, но никогаш нема брзо да реагираат и постапуваат, како овенот. Наместо тоа тие ќе примамат, навестуваат, со секој допир креираат романтика. Романтичните ваги немаат рамен во способноста да заведуваат.

Стрелец

Овој знак знае многу за љубовта, подготвен е цел живот да бара партнер, не заборавајќи да си помине прекрасно со тие привремени љубовни врски. Знае да се бакнува долго и нежно, без да заборави да каже многу комплименти.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.