Еве што ѝ се случило на Теодора Џехверовиќ во Кипар: „Животот постојано ми праќа искушенија!“ (ФОТО)

Епа животот без искушенија не би бил интересен...

Теодора Џехверовиќ пред извесно време најави дека подготвува нов албум, а сега поретко се појавува во медиумите, а не е толку активна ниту на социјалните мрежи.
Сепак, таа сака одвреме-навреме да се дружи со своите фанови, одговарајќи на нивните прашања.

Така сега открила дека минува низ тежок период, фановите ја прашале како е, а нејзиниот одговор во никој случај не бил оптимистички.

„Не сум баш одлично. Дојдовме на Кипар да снимаме два спота, но од стрес добив афта, ме боли грлото како никогаш во животот“ – одговори Теодора и додаде:

„Целата страна ми е отечена поради тоа. Неверојатно е како животот постојано ми дава некои искушенија. Само тој што некогаш имал афта ќе ме разбере.“

Теодора, многу се грижи за својот изглед, неодамна призна какви естетски корекции направила на себе, а првата ја имала на 16 години.

 

 

Фото: Принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.