Големото проклетство на „Моќните ренџери“: Речиси сите доживеале морничава смрт!

Нивните судбини се пеколни!

Веќе подолго време кружат приказните за проклетството на „Моќните ренџери“, чиишто актери доживеале ужасна судбина

Дури 35 од актерите што се појавиле во „Моќните ренџери“ денес веќе не се меѓу нас, а многу од нив починале млади, поради што со години кружат приказни за нивното проклетство.

Пред извесно време, светот го растажи веста дека актерот Џејсон Дејвид Френк, најпознат по улогата на Томи во ТВ-серијата „Моќните ренџери“ извршил самоубиство на 50 години. Познатиот актер и мајстор за боречки вештини стекнал светска слава во 1990-тите, кога го играл најпрво зелениот, а потоа белиот моќен ренџер во дури 123 епизоди од познатата серија за млади.

Меѓутоа, Џејсон не бил првиот моќен ренџер што доживеал трагична судбина.

Имено, актерката Туј Транг, која ја играла Трини, жолтата моќна ренџерка, загинала на 27 години во сообраќајна несреќа, додека Ричард Џенел, кој го глумел Ерни, починал од срцев удар на 47 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julio García (@wakaru01)

Уште еден актер од „Моќните ренџери“ починал од срцев удар, и тоа на 43 години – Роберт Л. Манахан, кој во серијата го играл Зордон, големиот лебдечки лик, кој всушност ги создал моќните ренџери.

Карциномот бил причината за смртта на Едвард Алберт, кој го глумел таткото на црвениот ренџер.

Боб Папенбрук, кој го позајмувал гласот за неколку ликови, починал од хронична опструктивна болест на белите дробови, а воспаление на белите дробови била причината за смртта на Џек Бенинг, кој го глумел професорот Феноменус.

Ерик Франк, кој го глумел Дејвид Трухарт, починал на само 29 години од непозната болест. Рикард Рабаго, кој го глумел мајсторот Ли, починал од природна смрт, а Морис Мендоза, кој го глумел Ричи, починал на 39 години. Причината за смртта била непозната.


За жал, не поминале добро ни актерите што имале помали улоги, меѓу кои е Алиса Ен Смег, која ја глумела Шона. Таа извршила самоубиство.

Актерот Остин Сент Џон, познат по улогата на првиот црвен ренџер, бил уапсен заедно со уште 17 други осомничени за измама, во којашто, наводно, украле 3,5 милиони долари. Сент Џон, чие вистинско име е Џејсон Лоренс Гајгер, бил приведен и обвинет за завера, со цел да спроведе верижна измама. Доколку биде осуден, му се заканува казна од 20 години во федерален затвор.

Сепак, не се сите животни приказни на моќните ренџери трагични, а доказ за тоа е Ејми Џо Џонсон, која стекнала светска популарност како розовата ренџерка. Се испробала и како режисерка, а некои нејзини остварувања се Tammy’s Always Dying, Bent и The Space Between. Не се знае многу за нејзиниот приватен живот, освен дека има една ќерка и дека веќе некое време ужива во новата љубов.

Меѓу актерите во „Моќните ренџери“ имало и убијци. Рикардо Медина Јуниор, кој во 40-тина епизоди го играл ликот Кол Еванс, го убил својот цимер со меч и тврдел дека го направил тоа во самоодбрана.

Скајлар Делеон, кој уште како дете се појавил во една помала улога во серијата, станал психопат кога пораснал и убил брачна двојка, преправајќи се дека сака да ја купи нивната јахта. Ги заврзал за сидро и ги фрлил во море. Подоцна признал уште едно убиство и бил осуден на смрт.

Дејвид Јост, актерот што го играл оригиналниот син ренџер, открил дека размислувал за самоубиство, бидејќи екипата од серијата го малтретирала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Yost (@officialdavidyost)

Големата животна трагедија на познатиот готвач: Го доживеал најголемото проклетство на светот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.