Како возењето велосипед до работа го подобрува менталното и физичкото здравје?

Возењето велосипед треба да ви стане навика...

Возењето со велосипед до работа има многу предности, како за поединецот, така и за општеството и околината, а сега тоа е потврдено со ново истражување кое опфатило околу 380.000 луѓе кои живеат во Шкотска, а студијата покажува дека возењето велосипед до работа го намалува ризикот од депресија и анксиозност.

Еве на кои други начини позитивно влијае возењето велосипед:

  • Возењето велосипед е одличен начин да останете фит бидејќи редовното возење велосипед го подобрува кардиоваскуларното здравје, ги зајакнува мускулите и помага да се одржи здрава телесна тежина.
  • Возењето велосипед може да го намали нивото на стрес и да го подобри менталното здравје. Самата физичка активност ослободува ендорфини, кои делуваат како природни антидепресиви.
  • Возењето велосипед е економичен начин на транспорт бидејќи ако го користите, автоматски немате трошоци за гориво, паркинг или редовно одржување на возилото.
  • Освен тоа, не заборавајте дека возењето велосипед ви дава можност да уживате во природата и околината, како и чувство на независност и слобода, особено ако сакате да се ослободите од зависноста од јавниот превоз или автомобилите.

Во секој случај, возењето велосипед до работа носи голем број практични, здравствени и еколошки придобивки кои придонесуваат за подобар квалитет на живот, како за поединецот така и за пошироката заедница.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.