Бесрамна постапка на озлогласената кралица Камила Паркер: Дали ова е најголемата грешка во историјата?

Нејзиниот потег шокира многумина

Се чини дека никогаш не се вклопи целосно во кралското семејство

Кралицата Камила Паркер, сопругата на кралот Чарлс Трети, никогаш не ја достигна популарноста што ја имаше принцезата Дијана. Имено, сите ја обожаваа познатата Леди Ди и многумина ја сметаа за прекрасна дама со цврст став. И додека таа важеше за омилениот член на кралското семејство, Камила ја доби титулата најомразената љубовница.

Малку работи ѝ оделе во прилог на сопругата на британскиот крал: не била убавица во младоста (принцезата Дијана, наводно ја споредила својата соперничка со ротвајлер), не сакала да биде модна икона, читала сè освен љубовни романи и модни списанија, не сакала да се шминка, а мажите ги освојувала со смислата за хумор.

Откако нејзините родители, таткото Брус Шанд, поранешен воен офицер и познат трговец на вино, и мајката Росалинд, припадничка на високото друштво, ѝ приредиле дебитантски бал на 17 години во Лондон, Камила добила додворувачи од општествената класа на која и самата припаѓала.

Во 1973 година се омажила за Ендру Паркер Боулс, со кого има две деца. Но кралицата имала други планови, па се развеле на 3 март 1995, откако Чарлс, тогаш принцот од Велс, јавно ја признал својата афера со Камила. На 10 февруари 2005 година беше објавено дека Камила и Чарлс ќе се венчаат. Венчавката се одржа на 9 април истата година. По венчавката ја добила титулата принцеза од Велс, но одлучила да не ја користи, туку ја зела другата титула на својот сопруг и станала позната како војвотката од Корнвол. Таа ја одбила првата титула поради првата сопруга на Чарлс, Дијана, која народот отсекогаш ја нарекувал принцезата од Велс.

Иако го постигнала тоа што најмногу го сакала, никогаш не успеала да се ослободи од едно нешто: од сенката на принцезата Дијана, за која се знае дека не била во најдобар однос со кралицата Елизабета.

Општо познато е дека принцезата Велс не го сакала кралското семејство, но и денес остана омилена меѓу народот. Сите ги воодушеви со однесувањето и своите ставови, но и со безвременскиот стил, којшто бројни дами се обидуваа да го ископираат.

Верувале или не, една од нив е и кралицата сопруга Камила Паркер! Имено, таа се претставувала како голема пријателка на Дијана, дури и истакнувала дека е среќна за неа што нашла вистински маж како Чарлс. Сепак, вистината била сосема поинаква.

Камила никогаш не важела за добра опција за престолонаследникот, но таа очајно сакала да ја освои почитта на луѓето, па честопати го копирала стилот на Леди Ди, не надевајќи се дека така само ќе постигне контраефект.

Голема лавина на коментари предизвика нејзиното појавување во црна креација која неодоливо потсетува на познатиот одмазднички фустан на Дијана.

Корисниците на Твитер не ја поштедија од коментари па овој нејзин потег го нарекоа „една од најголемите епски грешки на Камила во историјата“.

А ова се само дел од коментарите за овој стајлинг на кралицата сопруга:

„Ова е срамно“, „Камила изгледа како хаос – не можеш да ја надминеш првата и единствена Дијана.“

Камила Паркер повторно покажала дека нема срам: За десна рака ја прогласила личноста што лудо ја сакала пред кралот Чарлс
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.