Сакате секогаш вашето репче да изгледа совршено? Еве 3 трикови за да добиете убав реп со волумен!

Лесни и едноставни трикови...

Ако им завидувате на оние жени кои секогаш имаат совршен реп со многу волумен крајно време е работите (косата) да ги преземете во свои раце.

Иако вашата коса е ретка, со неколку трикови можете да создадете репче со многу волумен. Во продолжение ви откриваме три едноставни трикови, кои сигурно ќе креираат богат и луксузен реп.

1. Два ластици за коса

Наместо еден стегач за коса, користете два. Врзете го едниот стегач за коса како и обично за да ја соберете косата, а другиот врзете го веднаш над првиот. Вториот ластик ќе ја подигне косата и ќе направи да изгледа побујно.

2. Двојно репче

Косата поделете ја на два дела и горниот дел врзете го во реп, а другиот дел од косата слободно оставете го врз едното репче. Овој трик за коњско репче ќе направи вашата коса да има повеќе волумен и ќе го направи вашето репче да изгледа подолго отколку што е.

3. Тапирање на репот

Врзете го репчето и поделете го на три дела и секој дел тапирајте го. Не заборавајте да го исчеткате горниот слој на косата за сè да изгледа поуредно.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.