Камила Паркер повторно покажала дека нема срам: За десна рака ја прогласила личноста што лудо ја сакала пред кралот Чарлс

Шок!

Кралицата сопруга не престанува да ја шокира јавноста, сега една од најважните улоги му ја препуштила на својот поранешен сопруг

Кралицата сопруга Камила Паркер изгледа почнала суверено да владее со кралското семејство, па наследникот на познатата владетелка Елизабета Втора изгледа нема големо право на глас. И додека кралот Чарлс Трети размислува за намалување на бројот на вработените, неговата сопруга за своја десна рака го прогласила, ни помалку ни повеќе, туку својот поранешен сопруг Ендру Паркер Боулс (82).

Имено, војникот во пензија ја претставувал Камила на погребот на нејзин роднина од второ колено во Лондон. Наводно, ова била прва во низата обврски што Ендру ќе ги извршува во име на кралското семејство.

„Среќен е што ќе може да го прави тоа што ќе го побараат од него. И понатаму ужива во топлиот однос со Камила“, рекол близок извор.

Замрсени љубовни односи

За нејзината врска со принцот Чарлс виновни се поло натпреварите во 1970 година каде што се сретнале и ненадејниот дожд, поради што, случајно или не, побарале ист покрив. Се гледале три години, два пати неуспешно ја запросувал, а кога ѝ се придружил на британската воена морнарица, го оставила, бидејќи не верувала дека нивната врска ќе заврши среќно.

„Кога ја запознаа со принцот Чарлс, тој мислеше дека е многу посебна, а таа само сакаше да му одржи лекција на Ендру, кој се плеткаше со принцезата Ана. Поради тоа имаше кратка романса со Чарлс, кој се вљуби во неа, но таа набрзо го остави“, открила биографката на семејството.

Причината за раскинувањето бил токму Ендру, кој ги прекинал сите односи со принцезата Ана и се опаметил, а Камила веднаш му дала нова шанса. Се венчале на 4 јули 1973 година и помеѓу гостите биле дури и принцезата Ана и кралицата Елизабета Втора.

Ендру обожавал да флертува и да се забавува со други девојки, па Камила го искористила кралот Чарлс само за да го направи сопругот љубоморен.

Сопружниците добиле ќерка Лаура (44) и син Том (47), а ниту еден од нив не се трудел премногу за да се придржува до заветите за верност во бракот. Многу е интересно што знаеле за меѓусебните афери, но тоа не ги спречило да продолжат со заедничкиот живот, сè до моментот кога јавноста дознала за романсата на Камила и кралот Чарлс. Така оваа двојка официјално се развела во 1995 година.

Една година подоцна Ендру се оженил со својата љубовница, која починала од рак во 2010 година, а кралицата сопруга се појавила на нејзиниот погреб, давајќи му поддршка на поранешниот сопруг. Со таа постапка покажала дека останале во многу добри односи и дека секогаш ќе бидат тука еден за друг во тешките моменти.

Официјалниот биограф на принцот Чарлс тврди дека во 1986 година ја обновиле романсата, 16 години откако се сретнале првпат. Денес, прекарите што си ги доделиле во прељубничката фаза се дел од урбаната легенда: тој ја викал Лејдис, а таа него Фред, додека омилено скривалиште наводно им бил имотот Биркхал во Шкотска.

Камила Паркер се заколнала дека нема да го направи ОВА до смртта: „Никој нема да ме натера на тоа!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.