4 фризури што прават косата да изгледа побујно и погусто: Ќе добиете волумен без многу мака!

Која ви се допаѓа најмногу?

Фризури што гарантираат волумен за тенка и безживотна коса, а лесно ќе можете и сами да ги стилизираат

Ретката коса често изгледа безживотно, но со вистинската фризура може да изгледа и тоа како бујна и полна со волумен.

Косата без волумен која е долга и права често изгледа безживотно, па би требало да размислите за тоа да ја потстрижете косата, барем на средна должина.

За да ви изгледа ретката коса погусто, ви ги предлагаме овие 4 фризури со кои ќе добиете волумен, а нема да бидат комплицирани за одржување.

1. Патец на страна + бранови

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pooʍ pɐɥɔ (@chadwoodhair)


Прво и најважно нешто: обрнете внимание првиот преден прамен префрлен на страна да поседува значаен волумен во коренот, бидејќи ако спласне, целата фризура ќе ја изгуби формата. Како да го постигнете тоа? По миењето на косата, фенирајте ја со кружна четка од коренот (за да создадете волумен), па пренасочете ја косата на страна. Потоа, навиткајте ја косата малку со пегла или фигаро за кадриците да ви бидат големи, раскошни и разбушавени. За крај, додајте лак за зацврстување за да ѝ обезбедите долготрајност на фризурата.

2. Патец на средина + бранови

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pooʍ pɐɥɔ (@chadwoodhair)


Кратката, но остра фризура е најдобрата опција за луѓето со ретка коса. Тука на сцена настапува лоб-фризурата, но онаа „неуредната“, со текстурирани бранови кои создаваат илузија на полност во косата. Најдобриот начин да го постигнете овој изглед е малку да ја навиткате со пегла, но не секој прамен – фризурата нека изгледа ноншалантно. Исто така, расчешлајте ја на крајот и зацврстете ја со специјални препарати за волумен.

3. Популарната „вулф“ фризура

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)


Кој не би сакал малку волумен од 1970-тите, токму онаков каков што носеле модните икони од тоа време?! Слоевитоста на оваа фризура ја прави ретката коса бујна без напор, бидејќи кога ќе ја потстрижете во ваков облик, нема да ви треба многу време за да ја стилизирате.

4. Степенеста фризура

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)


Ако имате ретка коса, заборавете на рамното потстрижување. Степенестата форма воедно значи и додавање слоеви на ретката коса, што ја прави да изгледа волуменозно. Косата нека биде разиграна и обидете се да ја задржите природната текстура по сушењето, без исправување или виткање.

7 фризури што ќе бидат водечки тренд сезонава: Една од нив е тотален ХИТ и му стои секому!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.