Како изгледа љубовниот живот на сијамските близнаци? Ако еден од нив води љубов, дали го чувствува тоа и другиот?

Дознајте

Неверојатно е тоа што во 21. век сè уште постојат табу теми, но љубовниот живот на сијамските близнаци е нешто за што упорно се молчи

Неодамна пишувавме за сијамските близначки Еби и Британи, кои привлекоа големо внимание. Луѓето најмногу ги интересира како изгледа љубовниот живот на сијамските близначки.

Иако Еби и Британи не сакаат да зборуваат на таа тема, вистина е дека тие, како и другите сијамски близнаци, имаат љубовен и интимен живот.

Најдобриот пример за тоа веројатно би била приказната за Чанг и Енг Бункер.

Еден априлски ден во 1843 година, Чанг се оженил со Аделаида Јејтс, додека брат му Енг се оженил со нејзината сестра, Сели Јејтс. Врз основа на фактот што Чанг и Аделаида имале 10 деца, а Енг и Сели имале 12, може да се каже дека браќата имале секс.

Сексуалниот живот на браќата Бункер ја шокирал заедницата, иако се чинело дека браќата биле прифатени.

Сепак, низ историјата имало примери кога на сијамските близнаци им било забрането да стапат во брачна заедница. Имено, во 1930 година Вајола Хилтон се обидела да добие дозвола за брак, но била одбиена, бидејќи била споена со телото на сестра ѝ Дејзи.

Хирурзите понекогаш отворено алудираат на сексуалноста како мотивација за да се направи операција за раздвојување на сијамските близнаци.

Во 2002 година, веднаш штом направил рез раздвојувајќи две мали девојчиња споени на челото, еден неврохирург застанал за да му соопшти на собраниот медицински тим: „Сега имаме две венчавки на кои треба да одиме.“

Но сите се прашуваат што чувствуваат сијамските близнаци кога имаат сексуални односи? Ако едниот е сексуално стимулиран, дали и другиот го чувствува тоа? Ако едната доживее оргазам, дали и другата ужива во тоа, колку и да било тоа несвесно?

Краткиот одговор е дека не знаеме.  Сијамските близнаци, како и ние останатите, обично не зборуваат јавно за своите најинтимни моменти. Врз основа на тоа што го знаеме за значајната варијабилност, едниот сијамски близнак чувствува дел од телото (на пример, раката) што наводно му припаѓа на другиот близнак.

Ако близнаците делат еден сет гениталии, и двајцата ќе ги почувствуваат допирите „таму долу“. Дали и двете или двајцата имаат односи со трета личност или не, зависи од тоа како го сфаќате поимот секс.

Бројни истражувања покажале дека сијамските близнаци веројатно имаат помалку сексуални односи од просечните луѓе, но не затоа што им е тешко да пронајдат партнер, туку затоа што едноставно немаат толкава потреба за партнер како ние другите.

Повеќето од нив велат дека веќе се поврзани со својата сродна душа, а тоа е нивниот брат или сестра, и дека поради тоа во повеќето случаи не им треба трета личност. Кога сијамските близнаци имаат секс со трета личност, и понатаму останува табу тема дали тоа се смета за групен секс или не.

Им рекле дека НЕМА ДА ЈА ПРЕЖИВЕАТ НОЌТА, а потоа животот на СИЈАМСКИТЕ БЛИЗНАЧКИ целосно се преврте наопаку: Имаат 33 години, вработени се, возат автомобил, а НАЈДОА И ЉУБОВ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.