Еве што сакаат мажите во кревет: Овие 3 работи ќе ги доведат до лудило, а многу се едноставни!

Дознајте што сакаат мажите во кревет

Постојат 3 работи што мажите најмногу сакаат да им ги прават жените во кревет

И покрај тоа што мажите и самите понекогаш се несигурни во кревет, тие обожаваат кога жената е полна со самодоверба и кога знае што сака. Доколку сакате да го импресионирате, почнете да се чувствувате убаво во своја кожа, не оптоварувајте се со изгледот и со неважни работи.

Постојат 3 работи што мажите ги обожаваат во кревет – со нив не можете да згрешите:

1. Со трепетлив глас изговорете го или вреснете го неговото име

Мажот сака да се чувствува како ваш господар во кревет. Јасно ставете му до знаење дека не мислите на никој друг за време на сексот со него, така што неколку пати ќе му го изговорите името. Со трепетлив глас вреснете го името на вашиот сакан, пред да започнете со вашиот секси монолог.

Овие ситници ќе направат да се чувствува моќно и многу ќе се возбуди од помислата дека ќе ве доведе до врвот, дека сте само негова и дека тој е господарот на вашиот сексуален живот. Дозволете му да биде главен, бидејќи така само навидум ќе му ја предадете контролата, која секогаш е во ваши раце.

2. Тргнете во акција

Точно е дека тој сака да ве завадува и задоволува, бидејќи тоа и нему му причинува огромно задоволство. Но немојте да одите во крајност и да бидете комплетно пасивни. Ако чекате тој да ве праша како ви се допаѓа тоа што ви го прави или колку е добар во тоа, доживувањето нема да биде исто како кога самите би започнале секси разговор. Така тој ќе види дека гори оган во вас и вашите секси монолози ќе ги сфати како знак дека навистина ве излудува во кревет.

Најпрво, започнете со иницијатива при заведувањето. Не очекувајте сè од него, туку покажете му што сакате во сексот. Бидете непресушен извор на идеи за интересни пози и интригантни места за водење љубов.

3. Споделете ги со него вашите фантазии

Сè што ќе ви падне на памет на тема секс, изговорете го гласно, за да може тој да чуе што би сакале да испробате. Нема да знаете дали ви се допаѓа нешто или не доколку не пробате.

Додека сте во сексуална екстаза, предложете му нешто што во тој момент би направило да експлодирате во кревет. Не воздржувајте се да испробувате нови работи и да истражувате кои пози и ситуации би ве довеле до незаборавен оргазам.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.