Што ќе се случи со вашето тело ако го елиминирате глутенот од секојдневната исхрана?

Дали сте за безглутенска исхрана?

Нетолеранцијата на глутен е резултат на нетолеранција на протеинот глутен, кој се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот.

Што се случува со телото ако е на диета без глутен?

Како и со секоја голема промена во нашата исхрана, исклучувањето на глутенот може да има несакани ефекти. Всушност, освен ако не страдате од целијачна болест или нетолеранција на глутен, нема причина да избегнувате производи со глутен.

И покрај потенцијалните придобивки што може да ги има таквата диета, како што е губење на тежината, треба да ја следи само некој со нетолеранција, бидејќи може да пропуштите важни витамини и минерали содржани во производите со глутен. Затоа, наместо целосно да ја исклучувате храната со глутен, обидете се да избегнувате преработена храна и да јадете повеќе овошје, зеленчук и цели зрна.

Ќе бидете погладни

Многу луѓе со нетолеранција на глутен чувствуваат гадење после јадење производи од брашно, а нивниот апетит исчезнува до крајот на денот. Меѓутоа, кога ќе започнете диета без глутен, дури и ако не сте нетолерантни на глутен, може да забележите дека сте повеќе гладни поради промените во исхраната кои се направени.

Проблеми со запек

Многу намирници од цели зрна кои се изоставени од менито за исхрана без глутен (како леб и тестенини) се добри извори на влакна. Ако едноставно ги исклучите од вашата исхрана, без да ја компензирате загубата на влакна, дигестивниот систем може да стане нерегулиран. Со зголемување на внесот на лиснат зеленчук и мешунки, ќе го избегнете овој проблем.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.