„Кога му раскажав на другар ми што прави жена ми во кревет, веднаш кажа дека ме изневерува“: Што мислите вие за оваа ситуација?

Неверојатна исповед

Фото: Getty Images

Дали му е вистински пријател или е само љубоморен човек?

Еден човек на неверојатен начин се посомневал дека жена му го изневерува. Имено, тој му раскажал на својот пријател една ситуација со жена му во кревет, по што пријателот му всадил сомнеж.

„Јас сум маж во раните 40-ти години и мојата сопруга (која е на истата возраст), одеднаш сака да прави нови работи во кревет и многу повеќе е заинтересирана за секс за разлика од порано. Не се жалам, бидејќи тоа очигледно ми е пријатно и забавно, но кога му го спомнав тоа на другар ми, ми кажа дека можеби има афера и дека тоа толку ја возбудило што постојано сака да има интимни односи“, раскажал тој и објаснил дека потоа пријателот му кажал дека се шегува, но дека сега не може да ја исфрли таа идеја од глава.

„Хонорарно работи како помошничка за настава во локално основно училиште, така што има доволно време и во контакт се со многу млади татковци поради работата.

Дали е необично некој да стане авантурист во сексот на 40 години?

Во среќен брак сме веќе 15 години и иако нашиот сексуален живот секогаш бил добар, стана по малку предвидлив и обично јас сум тој што ги иницира работите. Можеби сум параноичен, но сега таа идеја ми е во глава, не можам да престанам да размислувам за тоа.“

Овој човек побарал совет од корисниците на „Редит“.

„Немој да се сомневаш во својот брак и во верноста на сопругата поради глупав коментар што ти го дал другар ти во паб. Веројатно само е љубоморен или го прави тоа во мисионерска поза во темница! Ако сте толку чувствителни на секоја шега, немојте да разговарате за секс со вашите пријатели“, му порачале тие.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.