Лук „докажал“ дека е реинкарнација и неговата приказна е морничава: „Мамо, јас настрадав во пожар во 1993 година“

Морничаво!

Лук Релхман имал само две години кога ѝ кажал на мајка му дека во претходниот живот бил жена по име Пем, која настрадала во пожар

Петгодишното момче Лук Релхман постојано ѝ кажувало на мајка му дека имало претходен живот и дека тогаш бил женско и се викал Пем.

Имал само две години кога почнал да ѝ ги раскажува овие приказни на неговата преплашена мајка:

„Ќе кажеше: ‘Кога бев мало девојче, имав црна коса’ или ќе кажеше: ‘Имав такви обетки кога бев девојче’“, раскажала мајката на Лук, Ерика за американската телевизија Фокс.

„Постојано спомнуваше жена по име Пем, а ние немавме никаква Пем ни во семејството, ни во соседството. Потоа еднаш го прашав ‘Која е Пем?’

Тогаш тој се сврти кон мене и ми кажа: ‘Па, тоа бев јас!’

‘Како мислиш тоа си бил ти?’

‘Па, јас бев Пем, но потоа умрев и отидов на небото и го видов Господ и на крајот, Господ ме врати назад. Кога се разбудив, бев бебе и ти ме викаше Лук’“

Момчето подоцна ѝ зборувало на мајка му дека загинал во Чикаго во пожар. Интересно е што никогаш претходно не го носеле детето во Чикаго.

Мајка му почнала да истражува на интернет и нашла текст за пожар во Чикаго и за жена по име Памела Робинсон, која загинала скокајќи од прозорец обидувајќи се да побегне од пожарот во 1993 година.

Ерика тогаш одлучила да го тестира Лук и ставила слики од неколку жени пред него, меѓу кои имало и фотографија од настраданата Пем.

Била шокирана кога детето без двоумење ја покажало фотографијата од таа жена.

Кажал:

„Не ги знам другите жени, но се сеќавам кога беше направена фотографијата“, а потоа покажал на фотографијата.

Семејството на починатата Пем се согласило да комуницира со Ерика и Лук, но никогаш не сакале јавно да зборуваат за тоа.

Вака се јавуваат духовите на починатите: 7 знаци дека вашите сакани се покрај вас и сакаат да ви порачаат нешто!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.