Проја со компири: Превкусни се дури и следниот ден!

Рецепт кој мора да го пробате!

Homemade muffins on painted board, selective focus

Нема повкусно и полесно јадење за подготовка од пројата. Најдоброто нешто е што можете да ги подготвите на многу начини и да додадете состојки по желба.

Солената проја е идеална за појадок, ручек или ужина. Можете да ја подготвите за вечера, а остатокот да го однесете на работа утре. Одлична е и поздрава замена за разни грицки и слатки кои ги јадеме додека сме на работа.

Состојки:

500 гр компири
200 гр сирење (на пр. фета, гауда или друго по желба)
3 јајца
200 гр пченкарно брашно
1 лажичка сол
1/2 лажичка прашок за пециво
100 мл јогурт
50 мл масло
Семе од сусам (по избор)

Подготовка:

Сварете компири во солена вода. Кога ќе се сварат компирите, исцедете ги и изгмечете ги со вилушка. Во поголем сад изматете ги јајцата, додадете ги јогуртот и маслото, па добро измешајте. Во смесата додадете го пирето и мешајте додека состојките добро не се соединат. Додадете пченкарно брашно, сол и прашок за пециво. Продолжете со мешање додека не добиете мазна смеса. На крај додадете го ренданото сирење и повторно измешајте. Ако смесата е премногу густа, додадете малку вода. Истурете ја смесата во калапи за мафини, во кои претходно сте ставиле хартиени подлоги за мафини. Одозгора посипете сусам по желба. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 30-40 минути или додека пројата не добие убава златно-кафеава боја.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.