4 начини да согорите повеќе маснотии само со пешачење!

Еве како да го зголемите согорувањето на мастите со пешачење.

Пешачењето е физичка активност која релативно лесно можеме да ја вклучиме во секојдневниот живот. Придобивките од оваа вежба се многубројни и ги засегаат и телото и умот, а многумина ја избираат токму оваа вежба, главно за да го изгубат вишокот маснотии. Сепак, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат да изгубите повеќе килограми додека одите.

1. Зголемете го темпото

Кога ја зголемувате брзината на чекорот, се зголемува и согорувањето на калориите. За да го постигнете ова, изберете друга рута, ставете слушалки и пуштете ја омилената музика, за да добиете дополнително засилување. Напомена: На почетокот пешачете полека 5-10 минути, за да го загреете телото и да избегнете повреди.

2. Одење по угорницата

Пешачењето по планина, освен што ви го расчистува умот и ви помага да се чувствувате подобро, е идеален начин да изгубите повеќе маснотии. Ако не ви е лесно да се искачите на планина со група или да најдете планинска рута, тогаш ви предлагаме да заборавите на лифтот и да вежбате на скалите. Друго решение е да одите на лента за трчање со благ наклон како на угорница.

3. Положба на телото

За секоја вежба да се изврши правилно, мора да се фокусирате на држењето на телото. Кога одите, фокусирајте се на стомачните мускули и глутелите. Исто така, внимавајте да гледате право напред, за да одите побрзо и движењата на нозете и рацете да ви бидат во права линија.

4. Обрнете внимание на опремата

Како што е случајот со многу физички вежби, така и при одење мора да и дадете големо значење на опремата, особено на чевлите и облеката што ќе ги изберете. Спортските чевли треба да бидат рамни, удобни, лесни, со добар ѓон, способен да апсорбира удари. Вашата облека, од друга страна, треба да „дише“ за да не ја апсорбира лесно потта. Во спротивно, болките во нозете и потта ќе имаат негативно влијание врз вас и ќе ве принудат што поскоро да ја завршите оваа „вежба“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.