Телото во подобра форма и поздрав сон – сè за осум минути

Можеби ќе се изненадите, но вежбите што го забрзуваат пулсот може да помогнат да спиете подобро! Имено, науката потврди дека физичката активност го подобрува квалитетот на сонот и ја отстранува вознемиреноста, велат психолозите.

Интензивниот тренинг привремено го подига нивото на хормонот на стрес – кортизолот, меѓутоа, доколку вежбаме редовно, нивото на кортизолот опаѓа по тренингот, а расте нивото на хормоните за опуштање (како серотонин, допамин и норепинефрин).

Какви вежби се оптимални за квалитетен сон? Комбинација на аеробни вежби и тренинг со оптоварување. Потрудете се секој ден секојдневно да вежбате 20-30 минути – тоа е ефикасна „почетна доза“.

ПРАВИЛОТО Е МОШНЕ ЕДНОСТАВНО: колку поредовно вежбате, подобро ќе спиете. Вежбите што се изведуваат со тежината на сопственото тело се ефикасни, без разлика дали сте на почетно или на напредно ниво.

За да ви биде поинтересен тренингот, вклучете и кардиотанц, а за поинтензивно обликување на мускулите додајте ги и движењата на лизгање. Можете да користите лизгачки дискови на мазна подлога, на пример на паркет, а можете да употребите и обична крпа или чорапи.

Нестабилноста при изведување на лизгачките движења ангажира помали групи на мускули, што ги прави вежбите за нијанса поинтензивни. Покрај тоа, сет тегови од 1 до 1,5 кг е сè што ви е потребно за овие енергични вежби, кои истовремено ги обликуваат и мускулите на задникот.

НАПРЕДНО НИВО – со тегови за подобар сон!

Замислете го сонот како мускул што можете да го зајакнете со текот на времето. Во една неодамнешна научна студија, истражувачите заклучија дека лицата што тренираат со тегови трипати неделно (тренинзи со низок, среден и висок интензитет, во траење од 30 до 90 минути) го подобриле квалитетот на сонот, вклучувајќи го и тоа колку брзо заспиваат.

Анализата покажала дека почестите и поинтензивни тренинзи дефинитивно влијаат врз сонот.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.