Тестирајте се: Каков е вашиот сексуален темперамент

Што ве пали, а што ве гаси?

Запознајте ја и прифатете ја својата сексуалност – тоа е една од НАЈВАЖНИТЕ ЛЕКЦИИ!

Моделот на двојна контрола на сексуалната реакција се состои од два дела:

Систем на сексуална побуда (ССП). Тоа е гасот на вашата сексуална реакција. Тој добива информации за сексуално релевантните стимули во опкружувањето – за она што го гледате, слушате, можете да го помирисате, допирате, јадете или замислувате – и испраќа сигнали од мозокот кон половите органи на кои им порачува „возбуди се!“.

Системот на сексуална побуда постојано го скенира вашиот контекст (вклучувајќи ги вашите мисли и чувства) и бара нешто што е сексуално релевантно. Тој е секогаш активен, и тоа длабоко под нивото на свеста. Значи, не сте ни свесни за него сè додека се возбудите и добиете желба за секс.

Систем на сексуална инхибиција (ССИ). Тоа е вашата сексуална сопирачка. Во овој случај „инхибицијата“ не подразбира срамежливост, туку невролошки сигнали за „исклучување“. Сопирачката функционира слично како и гасот. Таа ги забележува сите потенцијални опасности во опкружувањето – сè што гледате, слушате, можете да помирисате, допирате, јадете или замислувате – и испраќа сигнали што велат „исклучи се!“.

Исто како што гасот го скенира опкружувањето во потрага по она што ве возбудува, така и сопирачката бара нешто што вашиот мозок го толкува како добра причина да не се возбудите во конкретниот миг – ризик од заразување со полово преносливи болести или несакана бременост.

Задачата на сопирачката е да нè спречи да бидеме, на пример, непристојни и да се возбудиме среде деловен состанок или додека вечераме со семејството. Тој систем исто така го исклучува прекинувачот ако, на пример, среде секс детето случајно влезе во собата.

Дури и вака штуро претставената идеја има голема моќ, бидејќи веднаш можете да ја замислите комплетната сексуална функција – и комплетната сексуална дисфункција – како рамнотежа (или нерамнотежа) меѓу сопирачката и гасот. Ако имате проблем со која било фаза на сексуалната реакција, дали причината за тоа е недоволно поттикнување на гасот? Или, пак, сопирачката е премногу поттикната?

Најчеста грешка на лицата што тешко постигнуваат оргазам или не чувствуваат сексуална желба е претпоставката дека им недостига гас, но поголема е веројатноста проблемот да е во пресилната сопирачка. Кога ќе востановите дали имате проблем со гасот или со сопирачката, ќе знаете што треба да смените.

Тестирајте се: Каков е вашиот сексуален темперамент

Пополнете го прашалникот за сексуалниот темперамент за да стекнете претстава за тоа колкави ви се сопирачките и гасот. Сепак, немојте да мислите дека станува збор за егзактна наука. Тој ќе ви помогне само полесно да сфатите како може да влијае вашиот внатрешен механизам на сексуална реакција на вашата реакција на сексуалната стимулација, при што ќе добиете само приближна процена.

Особено имајте на ум дека постојат два вида сопирачки – некои лица тешко се возбудуваат поради внатрешните стравови (на пр. потребно им е многу време за да се возбудат), додека на други повеќе влијаат стравовите од надворешните фактори (на пр. можноста да добијат полова болест или некој да ги види дека имаат секс). И двете сопирачки можат да ви ја намалат способноста за возбудување или да ве спречат да се возбудите.

Инхибитори (ССИ)

Запишете го бројот на одговорот што најдобро ве опишува.

Ако не се „поклопи“ сè, тешко ми е сексуално да се возбудам.

0 1 2 3 4

Кога сексуално ќе се возбудам, дури и дреболија може да ме попречи.

0 1 2 3 4

Мора да имам доверба во партнерот за сексуално да се возбудам.

0 1 2 3 4

Ако сум загрижена за тоа дали ќе се возбудам и колку време ќе ми треба за да постигнам оргазам, тоа може да ме спречи сексуално да се возбудам.

0 1 2 3 4

Понекогаш се срамам или сум несигурна за време на сексот, па не можам целосно да се возбудам.

0 1 2 3 4

На крај, соберете ги запишаните броеви.

Легенда:

0

Воопшто не е точно

1

Не е баш точно

2

Донекаде е точно

3

Доста точно

4

Сосема точно

Резултати:

Слаб ССИ (0 – 6)

Не сте загрижени за својата сексуалност, а ни проблемите со физичкиот изглед не влијаат на неа. Кога сте сексуално возбудени, не можете лесно да се деконцентрирате, притоа не сте склони ни да се опишете себеси како „сексуално срамежлива“ личност.

За вас повеќето ситуации може да бидат сексуално поттикнувачки. Главен предизвик во врска со вашата сексуалност може да биде отежнатото воздржување. Ви се препорачува да бидете свесни за потенцијалните последици. Приближно 15% испитаници се во оваа група.

Среден ССИ (7 – 13)

На самата средина сте, заедно со повеќе од половина од испитаниците. Тоа значи дека активирањето на вашите сексуални сопирачки најмногу зависи од ситуацијата.

Ризичните или невообичаените ситуации, како што се нов партнер, би можеле да условат поголема загриженост за вашата сексуалност, понагласена срамежливост или одвлекување на вниманието од сексот.

Главно можете лесно да се возбудите во нискоризичните, вообичаени ситуации, а во услови на засилен стрес – вклучувајќи загриженост, премаленост и оптовареност – вашите сопирачки ја намалуваат заинтересираноста за секс.

Силен ССИ (14 – 20)

Потребно ви е опкружување што ви влева доверба и во кое можете да се опуштите за да се возбудите, а најдобро е кога не ве брзаат или не ве притискаат на кој било начин. Лесно ви се одвлекува вниманието од сексот. Силен ССИ, без разлика на ССП, е најсилен показател на сексуалните проблеми. Околу ¼ од испитаничките спаѓаат во оваа група.

Слаб ССП (0 – 7)

Не сте многу осетливи на сексуално релевантните стимули и потребен ви е поголем труд за да го насочите вниманието во таа насока. Невообичаените ситуации главно помалку сексуално ве стимулираат од вообичаените.

На вашата сексуална природа повеќе ѝ одговара поинтензивна стимулација (на пр. употреба на вибратор) и секојдневна вежба за насочување на вниманието кон чувствата. Слаб ССП се доведува во врска со асексуалноста, па ако имате мошне слаб ССП, можно е да сте се идентификувале со некои аспекти на асексуалниот идентитет. Околу 8% од жените спаѓаат во оваа група.

Среден ССП (8 – 15)

На златна средина сте, па вашата осетливост на сексуалните стимули веројатно зависи од контекстот. Во ситуациите во кои доминираат љубовта и еротиката, подготвено реагирате на сексуалната стимулација, а таму каде што има многу малку љубов или еротика, тешко е да ве убедат на секс.

Препознајте го начинот на кој контекстот ве возбудува и ви дава задоволство и потрудете се да внесете повеќе еротика во ситуациите во кои се наоѓате. Седумдесет проценти од испитаничките спаѓаат во оваа група.

Силен ССП (16 – 24)

Многу сте осетливи на сексуално релевантните стимули, можеби дури и на она што за повеќето не е возбудливо, како што се мирисите и вкусовите. За вас голем број ситуации имаат сексуален контекст, а необичните ви се особено возбудливи. Можно е преку сексот да се ослободувате од стресот– посилен ССП е поврзан со поголем ризик од сексуална компулсивност, па анализирајте како се справувате со стресот.

На својот партнер задолжително оставете му доволно простор и време – бидејќи вие сте осетливи, и задоволството на вашиот партнер може да ви даде силно чувство на задоволство, па и на двајцата ќе ви биде многу убаво! Околу 16% од испитаниците се во оваа група.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.