Официјален крај на уште една љубовна приказна: Џејсон Момоа и Лиза Бонет се разведуваат!

А навистина беа убав пар...

Фото: Profimedia/Xavier Collin/Image Press Agency / MEGA / The Mega Agency

Атрактивниот актер Џејсон Момоа, познат по улогите во серијата „Игра на тронови“ и филмот „Аквамен“ и неговата сопруга, актерката Лиза Бонет, одлучија да го прекинат својот брак.

Како што пренесува „ТМЗ“, Лиза ги поднела документите за развод две години откако раскинале.

Џејсон и Лиза имаат две деца Лола и Нако Волф, а актерката бара физичко и законско старателство над децата.

Според пишувањата, таа не бара алиментација од поранешниот сопруг, па се упатува на тоа дека имале предбрачен договор, бидејќи се договориле за поделба на имотот.

Инаку, во објава на својот Инстаграм профил, поранешните сопружници во 2022 година им објаснија на следбениците зошто се решиле на тој чекор.

„Сите се променивме во ова време на трансформација. Се случува револуција и нашето семејство не е исклучок. Се чувствуваме како да растеме низ сеизмичките промени што се случуваат. И затоа ја споделуваме веста за разводот. Не го споделуваме затоа што мислиме дека тоа е важна вест, туку тоа да го направиме достоинствено и искрено. Љубовта меѓу нас продолжува и се развива онака како што сакаме. Нашата посветеност на светиот живот и децата е непоколеблива. Ги учиме децата колку што е можно повеќе. Живееме со молитва. Нека победи љубовта“ – напишаа тие.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.