Папараците постојано ги начекуваат скарани, додека тие велат дека се обожаваат: Конечно е откриена причината за нивните караници!

Еве зошто Бен и Џенифер се караат

Дали нивниот брак од почетокот беше грешка, останува да дознаеме

Бен Афлек и Џенифер Лопез во јавност изгледаат како навистина да не се поднесуваат. Кога папараците ќе ги уловат, и двајцата се намуртени, лути и сериозно скарани. Неколку пати во текот на изминатата година, која инаку беше и првата година од нивниот брак, двојката беше видена како се расправа, но Џенифер изјави:

„Не знам зошто се крева толкава врева. Бен е добар. Само да ви кажам, не мора да се грижите за Бен. Таа е добра. Тој е среќен. Не разбирам зошто луѓето нè притискаат толку.“

Но според фотографиите, Бен не изгледа добро. Извор близок на двојката вели дека Бен не го поднесува тоа што ги пресретнуваат фотографи, додека неговата сопруга обожава да биде во центарот на вниманието.

Секогаш кога ќе видат папараци, Џенифер блеска од среќа, додека Бен бега и полудува, бидејќи тој само би сакал да седне во кафуле или во ресторан, а не некој да го фотографира.

„Тие навистина имаат добар однос, убаво се согласуваат, освен во поглед на папараците. Додека Бен не ги поднесува, Џенифер ги обожава“, вели добро информиран извор.

Сè започна кога и двајцата се појавија на доделувањето „греми“ награди. Тогаш Џенифер му кажа на Бен:

„Престани! Изгледај подружељубиво. Изгледај мотивирано“.

Додека Бен неволно ѝ одговори:

„Би можел…“

Велат дека се луди еден за друг, а не престануваат да се расправаат! Не бираат ни време ни место
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.