Сурогат-мајка му роди близнаци, па со партнерот доби уште две деца: Син му е доказ дека круша под круша паѓа

Како Рики Мартин добил деца?

На многумина не им е јасно како Рики Мартин добил деца, со оглед на тоа што е хомосексуалец

Рики Мартин наполни 52 години, а изгледа како да има 20. Последниве неколку години тој е посветен татко на четири деца, а до неодамна му беше и верен сопруг на партнерот Џван Јосеф, од кого се разведе.

Пејачот доби близнаци Матео и Валентино во 2008 година со помош на сурогат-мајка. Во 2018 година ја доби ќерката Луција и синот Рено во 2019 година.

Многумина не знаеја дека Мартин има два сина, ниту како тие изгледаат. Меѓутоа, изгледа конечно дојде време јавноста да види како изгледаат неговите наследници, па тој со гордост го покажа 14-годишниот Валентино.

Сите се сеќаваат на Валентино кога беше бебе, но неговиот познат татко не споделуваше негови фотографи, па затоа сега и тоа како е видлива големата промена. Рики го фотографирал синот додека се потстрижувал, а момчето покажало дека ги поседува сите предиспозиции за да го надмине татко му и да стане голем заводник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

Уште помалку луѓе знаеја дека во тоа време Мартин беше татко на двајца прекрасни близнаци, Матео и Валентино, кои ги добил со помош на сурогат-мајка во 2008. Неговиот тогашен партнер Карлос Гонзалес Авелјо, финансиски советник, прво не бил воодушевен од ситуацијата да има дечко со семејство, но сепак ги засакал синовите на Рики и често можеше да се видат сите четворица заедно на прошетка. Се разделиле во 2014 по пет години врска и останале добри пријатели.

Да се потсетиме, Рики Мартин и Џван Јосеф одлучија да се разведат по 6 години брак и заеднички го објавија следново:

„Одлучивме да го прекинеме нашиот брак со љубов, почит и достоинство, почитувајќи го она што го искусивме како двојка сите овие години.

Нашата најголема желба сега е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и однос фокусиран на мир и пријателство, за да продолжиме со заедничко воспитување на децата, негувајќи љубов и почит еден кон друг.“

Рики Мартин го тужи внукот кој го обвини за инцест и сега му бара 20 милиони долари!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.