Актерот го пронајде кадифеното мече на кое бил снимен гласот на покојната мајка на кутрата девојка

Секоја чест за Рајан Рејнолдс

Рајан Рејнолдс пред неколку дена понуди 5.000 долари за оној што ќе го пронајде кадифеното мече кое за неговата сограѓанка има сентиментална вредност.

Забележувајќи ја веста дека на Мара Сориано од Ванкувер ѝ бил украден ранец во кој, освен големиот број електронски уреди, се наоѓало и кадифено мече со снимен глас на нејзината почината мајка, популарниот актер без размислување понудил парична награда за оној кој ќе го пронајде мечето.

Со овој гест, Рајан уште еднаш докажа дека, освен што има голем круг на обожаватели, има и големо срце.

И мечето е пронајдено! Според пишувањата на магазинот „Пипл“, кадифената играчка ѝ припаѓа на Мара Сориано. Гласот на нејзината мајка која не успеала да го победи ракот, секојдневно ѝ порачува дека ја сака, дека секогаш ќе ја поддржува и дека засекогаш ќе биде покрај неа.

Името на пронаоѓачот, односно личноста која треба да ја преземе паричната надомест, не е наведено.

Фото: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.