ДиКаприо го основа американскиот фонд за храна, Опра донира 10 милиони долари

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо го основа американскиот фонд за храна, кој веќе собра 12 милиони долари за да им помогне на заедниците погодени од коронавирусот.

Организацијата во четвртокот објави дека финансирањето ќе се користи за да им се помогне на семејствата со ниски приходи, постарите лица, семејствата со ниски приходи за време на пандемијата и семејствата чии деца имаат бесплатен оброк во училиштата.

Фондот за храна ќе биде партнер со добротворните организации „World Central Kitchen” и „Feeding America”.

„Во време на потреба, чинија со храна е исто така витална исхрана и порака на надеж од заедницата што се грижиме и сме тука за да се увериме дека работите се подобри утре“, рече Хозе Андрес, основач на „World Central Kitchen”.

Заедно со ДиКаприо, еден од основачите на Фондот е филантропот Лорен Пауел Џобс.

Првите мултимилионски доприноси во Фондот ги платија „Apple” и „Ford Fondation”.

Вчера, филантропот Опра Винфри исто така објави дека донира 10 милиони американски долари на луѓе изложени на ризик од пандемијата Ковид-19. Таа најави дека ќе подари 1 милион американски долари на Фондот на ДиКаприо и Пауел, а останатите 9 милиони долари на слични добротворни цели.

Прочитајте и: „Шанел” ќе произведува медицински униформи и маски за болници во Франција

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.