Шерон Стоун откри дека има тумор за кој многу жени не знаат дека го имаат (ФОТО)

Фото: Getty Images

„Уште една погрешна дијагноза и неточна процедура“

Шерон Стоун (64) објави вест на својот твитер-профил која ги загрижи нејзините обожаватели.

Имав уште една погрешна дијагноза и неточна процедура. Овој пат двојна епидурална. Поради засилување на болката, побарав уште едно мислење: имам голем фиброиден тумор кој мора да се отстрани. Особено до дамите: немојте да се убедувате дека не е важно, задолжително побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот. За целосно закрепнување ќе ми бидат потребни 4 до 6 недели. Ви благодарам на сите за грижите, сè е добро, порачала Стоун.


За потсетување, Шерон претходно отворено призна дека имала 9 спонтани абортуси и смета дека жените се принудени на абортусот да гледаат како на некаков вид неуспех.

Ние жените немаме простор за разговор за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа. Меѓутоа, присилени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое самите треба да се справиме и дека тоа е некој вид неуспех, изјави Шерон за едно американско списание.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.