Денес славиме Света Петка, заштитничка на жените и сите болни: Никако немојте да го правите ова за да не го предизвикате нејзиниот гнев!

Прочитајте

На нејзиниот гроб отсекогаш се случувале чуда

Македонската православна црква и нејзините верници, на 27 октомври го празнуваат денот на Света Петка, заштитничка на жените и светица која им помагала на болните и на сиромашните.

Верниците ѝ се обраќаат со молитва за помош и спас од болести и други животни неволји. Денот на нејзиното упокојување е обележан со задебелени црни букви и претставува не само голем христијански празник, туку и една од најчестите слави кај македонскиот народ, а многу верници ја сметаат и за своја заштитничка (особено жените, децата и старите).

Оваа многу почитувана светица е заштитничка на жените и им помагале на болните и сиромашните.

Потекнувала од богато и побожно семејство. Имала брат, кој се викал Евтимиј и кој се замонашил многу млад, за подоцна да стане епископ Мадитски. Уште како девојче, кога со мајка ѝ одела во црква, таа била многу побожна. По смртта на нејзините родители, желна за патувачки живот, таа го напуштила семејниот дом и отишла во Цариград, каде што се замонашила во црквата Света Софија, а потоа заминала за Јорданската пустина.

Покрај храмовите на Света Петка често има извори на лековита вода, која луѓето ја земаат верувајќи дека ќе им ги излечи раните и ќе ги заштити од болести.

Параскева е родена во Епиват, град во Мала Азија, при крајот на десеттиот или почетокот на 11 век. Според преданието, Света Петка поминала многу години во пустината, во постење и молитви и во осаменички живот. Преданието вели дека на сон ѝ се јавил ангел и дал аманет да ја шири христијанската вера. Затоа на иконите Света Петка е претставена во монашка облека, со крст во рака.

На нејзиниот гроб се случувале чуда. Бугарскиот цар Јован Асен 1238, според некои ја украл, според други, едноставно ги пренел моштите на света Параскева во својата престолнина Трново.

Кога Турците ја освоиле Бугарија, моштите биле пренесени во молдавскиот град Јаша, по наредба на султанот Бајазит.

Кнегињата Милица успеала во 1396 година да се измоли за моштите и да ги погреба во црквата Ружица на Калемегдан. Султанот Сулејман Втори ги пренел моштите на света Параскева во Цариград во 1521 година. Конечно, во 1641, цариградскиот патријарх Партеније му ги подарил моштите на молдавскиот кнез Василиј Лупул, кој ги пренел во Јаша и ги положил во црквата на Тројцата Свети светители, каде што се наоѓаат и денес.

Народни верувања и обичаи

Според народните верувања, на денешен ден не смее да се перат алишта, да се шие, да се работи тешка работа, а особено жените не треба да работат.

На Света Петка се случувале големи чуда. Многу болни оздравеле на денешен ден. Затоа луѓето со здравствени проблеми го чекаат овој празник, верувајќи дека ќе им помогне славната светителка.

Света Петка обично ги теши и верници, ако ѝ укажат почит и ја посетуваат нејзината црква. Понекогаш им носи вести за оздравување, но се истакнува и како предвесник на пропаст кој ги предупредува оние што го прекршуваат постот во петок и оние што работат во недела.

Оваа светителка им се појавува и ги предупредува своите верници обично во сон. Денес, многумина бараат помош од Света Петка, палејќи темјан и полевајќи го славскиот леб со црвено вино, споменувајќи ја во молитвите. Потоа пијат вода собрана од изворите на манастирите што ѝ се посветени нејзе.

Ако на сон ви дојде Света Петка, еве што значи тоа: Се појавува само од две причини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.