Мајчинството понекогаш е страшно стресно, научете да го намалите стресот и распоредете ги обврските

Корисни совети

Фото: Getty Images

Мајчинството со себе носи прекрасни чувства и неопислива љубов. Но, да се биде мајка честопати е стресно и воопшто не е лесно, особено денес, кога се очекува мајките да бидат совршени во „својата улога“.

Социјални мрежи, роднини кои секогаш знаат подобро и љубопитни познаници кои се полни со „добронамерни“ совети – многу влијаат на зголемувањето на стресот, што се јавува како резултат на голем број обврски и грижа за семејството. Истражувањата покажаа дека улогата на жената во родителството, во хетеросексуалните односи во кои заработуваат двајцата родители, е 65%, па затоа не е изненадувачки што постои исцрпеност од мајката. Терминот „прегорување“ потекнува од 1970 година. Го користел американскиот психолог Херберт Фројденбергер за да ги опише последиците од сериозниот стрес во занимањата насочени кон помагање на други луѓе. Денес, сите ние многу добро знаеме дека исцрпеноста може да му се случи на секого, без разлика со која професија се занимава. Исцрпеноста станува сѐ почеста кај мајките, па затоа група психолози дадоа совети и упатства со кои може да се избегнат и олеснат.

Споделете ги дневните цели со членовите на семејството

Не правете сè сами. Направете дневна или неделна „to do“ листа и закажете состаноци. Вклучете го вашиот партнер во ова, и ако децата се доволно возрасни, вклучете ги и нив. Запомнете дека не треба да правите сè сами и дека заслужувате помош од вашето семејство. Заедничките обврски можат дополнително да ве поврзат.

Земете бареме еден слободен ден

Експертите велат дека е најдобро да се стави списокот на обврски на видливо место, на пример во кујната. Кога имате список на одговорности на видливо место и деновите во кои ќе ги правите – можете полесно да се опуштите и да пронајдете барем еден слободен ден што мора да го имате за да избегнете прегорување.

Ослободете се од мислите и обврските со вежбање

Ако сте презаситени со обврски до тој степен што не наоѓате време за себе – веројатно ќе доживеете исцрпеност. Вечерни или тренинзи во раните утрински часови можат да бидат одличен начин да се ослободите од мислите. Ако не ви се допаѓа тренингот, секогаш можете да одите на прошетка или да извршите некое друго хоби што ќе ве релаксира за оттргнување од мислите и обврските.

Прочитајте и: Ова се најдобрите совети што можете да ги добиете кога станува збор за воспитување деца

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.