Придружете ни се во креативниот конкурс „U&Z Influencer Awards” и освојте ја новата насловна страница на магазинот „Убавина и здравје“

Вистина, сите сме заклучени во своите домови затоа што се грижиме за нашето здравје, но кој вели дека не можеме да имаме интересен живот на социјалните мрежи? Пронајдете ја својата страст, но и нови пријатели! Бидете креативни и споделете ја со нас вашата инстаграм-приказна. Аплицирајте што е можно поскоро и можеби ќе ја освоите титулата „инфлуенсер на годината“.

Кои девојки и момци ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи и кои ќе се појават на насловната страница на „Убавина и здравје“, одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито. Поддржете ги вашите омилени инфлуенсери сега!

Подготовка, внимание, лајк! Скролувајте надолу додека го чекаме вашиот глас!

Главен покровител на конкурсот е „Виолета“.

ИЗБИРАМЕ ONLINE ХЕРОЈ #INREALLIFE

Магазинот „Убавина и здравје“ вторпат во Македонија ги избира највлијателните девојки и момци на социјалните мрежи, кои имаат фактор „С“, што значи не само селфи, туку и сила, среќа, слободен дух, супериорност, стил и став. Првпат во историјата, нашиот натпревар е проширен надвор од социјалните мрежи, така што ние исто така избираме У&З-хероини во реалниот свет и ја воведуваме категоријата „У&З-ХЕРОИНИ“.

Споделете ја со нас приказната за вашата суперхероина и кажете ни кои девојки ве инспирираат, ве воодушевуваат, оставаат без зборови бидејќи во овие тешки времиња се истакнаа со својата храброст, благородни постапки, хуманост и големо срце. Ги чекаме вашите пријави…

Пријави во порака на нашите социјални мрежи или на мејл адресите redakcija@ubavinaizdravje.mk  event@colormedia.com.mk  

#YourStoryMatters

СТАНИ „УиЗ ИНФЛУЕНСЕР“ И ОСВОЈ НАСЛОВНА

Конкурсот „УиЗ инфлуенсер авардс 2020“ – „Јас сум повеќе од селфи“ се одржува на порталот „Убавина и здравје“, нашите социјални мрежи, печатеното издание на магазинот „Убавина и здравје“ од 1 ноември до 15 декември, а за изборот на „УиЗ-инфлуенсер“ одлучуваат гласовите на читателите и следбениците на брендот „Убавина и здравје“ и гласовите на жирито „Убавина и здравје“. УиЗ-инфлуенсерите, добитници на 10 категории, ќе бидат објавени на 22. декември.

Аплицирајте до 15 ноември за да учествувате на натпреварот и можеби ќе ја добиете титулата во секоја категорија одделно и влезете во „трката“ за насловната страница на „Убавина и здравје“.

#dabidemepovrzani

#uizinfluencer

#uizinfluencerawards2020

ПРАВИЛА НА НАТРЕВАРОТ „U&Z INFLUENCER AWARDS 2020“

Член 1: ОРГАНИЗАТОР

Конкурсот „U&Z INFLUENCER AWARDS 2020“ го објавува „Колор медиа плус доо“.

Член 2: ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ЦЕЛ НА НАТПРЕВАРОТ

Натпреварот се спроведува заради промовирање и афирмирање креативни почетници и веќе докажани инфлуенсери, кои имаат потенцијал да вршат значајно влијание преку социјалните мрежи. При тоа да им помогнеме да се поврзат со потенцијални клиенти.

Пријавување до 15 ноември. Прогласување на победниците на 22 декември.

Член 3: НАГРАДЕН ФОНД

Наградниот фонд се состои од:

Пакет подароци У&З – 10 x пакет подароци (по еден за секоја категорија), статуетка У&З-инфлуенсер и вредносен ваучер од 100 евра во денарска противредност. Сите победници ќе имаат можност за соработка со компаниите кои го поддржувааат овој настан (минатата година речиси сите победници направија годишни договори со нашите спонзори).

ФОТО: Pexels

Насловна страница на „Убавина и здравје“- 1 x (еден од 11 U&Z инфлуенсери, добитници на 11 категории, ќе освои снимање на насловната страница на „Убавина и здравје“, што ќе биде објавена во едно од изданија во текот на 2020/2021 година).

Член 4: ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите Инстаграм профили кои објавуваат содржини и комуницираат со своите следбеници на официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Победниците на поединечни 10 категории – се избираат со комбинација на гласови од читателите и следбениците на магазинот „Убавина и здравје“ и гласовите на стручното жири на списанието „Убавина и здравје“.

Член 5: ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИКОТ НА НАТПРЕВАРОТ

Победниците од секоја категорија ќе бидат објавени јавно преку промо видеоа на нашите социјални мрежи, со написи во магазинот „Убавина и здравје“ нашите регионални изданија и партнерски медиуми. Церемонијата на доделување на наградите на „Убавина и здравје“, ќе се одржи на подоцнежен датум во согласност со новата ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Член 6: ПРЕЗЕМАЊЕ НА НАГРАДАТА

Победниците на натпреварот ќе бидат известени за наградата по телефон или е-пошта по завршувањето на натпреварот. Доколку учесниците не одговорат на е-пошта или телефонски повик, наградата нема да може да се реализира и наградата автоматски ќе се пренесе на следната апликација со најголем број гласови. Добитникот на наградата се согласува да биде фотографиран за време на реализацијата на наградата. Организаторите на натпреварот можат да користат фотографии на Победникот без никаков надоместок и какви било последователни побарувања од Победникот против Организаторот. Победникот може да ја реализира наградата само со презентирање лична карта – наградата не е пренослива.

Член 7: УЧЕСНИЦИ ВО НАТПРЕВАРОТ

Учесниците на овој натпревар не смеат да бараат награди во поголеми количини или други награди од оние наведени во овие правила од страна на Организаторот. Со регистрација за учество на овој натпревар, учесниците ги прифаќаат Правилата на овој натпревар. Организаторот не одговара за каква било штета предизвикана од трето лице. Организаторот може да ги користи сите доставени материјали со потребните модификации за промоција во сите медиуми (телевизија, весници, Интернет портали). Со доставување на материјалите за натпреварот, учесниците се одрекуваат од какви било основи за понатамошно побарување против Организаторот.

ФОТО: Getty Images

Член 8: КОРИСТЕЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со учество, односно испраќање на потребните информации, учесниците на натпреварот изразуваат прифаќање на овие правила и без дополнителни прашања и одобрување го одобруваат Организаторот да ги собере и обработи наведените лични податоци заради спроведување на натпревари и сопствени маркетинг активности. Учесникот може во секое време да побара да се одјави за да не добие такви известувања.

„Колор медиа плус“ ќе ги преземе сите разумни неопходни мерки за да осигури дека личните податоци на учесниците се обработуваат и користат на безбеден начин и во согласност со законот.

Член 9: ПОГРЕШНИ И НЕПРАВИЛНИ АПЛИКАЦИИ

Неточни или нецелосни апликации се неважечки и не им даваат право на апликантите на какво било обештетување или право да учествуваат на натпреварот.

Член 10: ДАНОЦИ

Победниците на натпреварот немаат обврска да плаќаат даноци или да плаќаат такси поврзани со наградата.

 

ФОТО: Pexels

Член 11: МОЖНОСТ ЗА ПРЕКИН НА НАТПРЕВАРОТ

Конкурсот може да биде прекинат или изменет во секое време по барање на Организаторот без посебно образложение.

Член 12: МОЖНОСТ ЗА ПРЕКИН НА НАТПРЕВАРОТ ЗАРАДИ ПОВИСОКА СИЛА

Доколку за време на натпреварот се покаже дека Организаторот не е во можност да го реализира понатамошниот тек на натпреварот и наградите наведени во член 3 од објективни причини – поради вонредна состојба и виша сила, природни катастрофи, земјотреси, војна, епидемија на голема болест на национално ниво и други вонредни околности што организаторот не можеше реално да ги спречи или предвиди во моментот на започнување на натпреварот – учесниците и победниците на натпреварот нема да бараат исполнување на натпреварот и реализација на наградите дефинирани со овие правила.

Фото: Pexels, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.