Дали луто значи здраво? Еве што вели науката…

Лутата храна го поттикнува лачењето на хормонот на среќа

На оние што не сакаат луто не им е јасно зошто луѓето се доведуваат себеси до преголемо потење и слични појави што се последица на консумирање лута храна.

Меѓутоа, постојат причини зошто сите ние одвреме-навреме би требало да јадеме лута храна.

  • Согорува калории. Потењето до кое доаѓа додека јадете нешто луто се случува со причина. Имено, со консумирање еден зачинет оброк потрошувачката на калории се зголемува за осум отсто. Со други зборови, лутата храна го забрзува метаболизмот.
  • Го штити срцето. Љубителите на лута храна имаат помал ризик од срцев удар. Со консумирањето чили-пиперче се намалува уделот на лошиот холестерол во крвта, а со самото тоа се подобрува работата на срцето.
  • Помага при болки во стомакот. Лутата храна го намалува количеството желудочна киселина, а ризикот од појава на чир се намалува за 53%.
  • Ја намалува болката. Тегобите предизвикани од артритис ќе се стивнат доколку на болните места втривате кремови што во својот состав имаат лути пиперчиња.
  • Црта насмевка. Лутата храна го поттикнува лачењето на хормонот на среќа, намалувајќи ги така стресот и ризикот од заболување од депресија и анксиозност.

Текст: Руски доктор

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.