Храна за „топли“ зимски денови

На телото му е неопходно „гориво“

Храната што ја консумирате влијае на вашето тело. Кога температурата паѓа и настапува студеното време, на вашето тело давајте му храна што во зимскиот период ќе дејствува како гориво и ќе го затоплува.

Во принцип, храната што се обработува подолго во организмот е онаа што треба да ја јадете во зимскиот период. Всушност, станува збор за термогенеза, процес во кој вашето тело произведува топлина предизвикана од обработувањето на храната.

Бататот е еден од зеленчуците за кои е потребна повеќе енергија за да се обработи, што, пак, значи дека ја зголемува телесната температура.

Богат е со витамин А, витамин Ц и калиум, па поради изобилството со растителни влакна го разубавува и вашиот оброк.

И тиквата е одлична за консумирање на студено време. Таа изобилува со антиоксиданти, витамини, минерали и многу други нутриенти од кои вашето тело ќе има голема корист.

Високото ниво на витамин Ц и калиум ви помага да го подобрите вашиот имунолошки систем и да го одржувате организмот здрав, но и затоплен во студените зимски денови.

Покрај храната, највообичаен начин да му помогнете на своето тело да остане топло е да пиете вода. Водата му помага на вашиот организам да работи беспрекорно и да ја регулира надворешната температура.

Дехидрацијата предизвикува опаѓање на телесната температура и може да предизвика хипотермија. Во зимскиот период луѓето пијат помалку вода бидејќи не се чувствуваат жедно.

Сепак, иако е ладно, секогаш носете едно шише вода за да ве потсети дека треба да се напиете.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.