Беше прогласена за најсексапилна жена на светот, а денес ја критикуваат поради вишокот килограми: „Не сакам да сум слаба!“

Кели Брук

„Изгледам како нормална 40-годишна жена. Изгледам како што би требало да изгледам, тоа не е нешто недостижно. Никогаш нема да го имам телото што го имав на 21 година“, рекла во една пригода водителката и манекенка Кели Брук

Кога Кели Брук (41) на средината на 1990-тите заплови во светот на моделството, беше значително слаба, а магазинот ФХМ во 2005 година ја прогласи за најсексапилната жена на светот. Меѓутоа, последниве девет години, Кели качи килограми.

Денес е позната по занесните облини што гордо ги нагласува во костими за капење и со насмевка им позира на фотографите.

Сепак, на обожавателите не им се допаѓа оваа промена, па на социјалните мрежи често пишуваат дека претходно подобро изгледала и дека би требало да поработи на себе. Меѓутоа, Кели не обрнува внимание на тоа и ретко одговара на критиките.

Неодамна, фотографите ја фотографирале на улица во опуштено издание, а таа проговорила за медиумите за тоа како реагира на негативните коментари и забелешки дека повеќе не изгледа како пред две децении.

Поранешната манекенка неодамна проговорила и за тоа како се чувствува поради тоа што станала мета на хејтерите на Интернет, само зашто повеќе не изгледа така како што изгледала кога имала 20 години.

„Изгледам како нормална 40-годишна жена. Изгледам како што би требало да изгледам, тоа не е нешто недостижно. Никогаш нема да го имам телото што го имав на 21 година, ниту сакам да бидам таа девојка“, рекла таа и додала:

„Тие во 40-тите години ме гледаат како дебела девојка и не ме прифаќаат како таква. Смешно ми е. Луѓето растат, стануваат поголеми, се менуваат, тоа постојано се случува.“

Коментирала и дека би сакала да го заборави периодот кога била слаба и дека не сака повторно да ослаби до таа мера.

„Не сакам да ги изгубам своите гради. Не ми се допаѓа да бидам слава. Кога бев слаба, тоа главно произлегуваше од стрес и депресија“, отворено рекла Кели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)


Кели ги прифатила своите облини и килограми, но признала и дека се опуштила, што довело до дебелеење.

Сепак, мајка ѝ и дечко ѝ Џереми Патрисио ја наговориле да симне некој килограм.

„Кога ме предупредија на опасностите од вишокот килограм, почнав сериозно да размислувам што би можела да направам во врска со тоа.“

Сепак, таа го сака своето тело.

„Се чувствувам задоволно во своето тело и тоа има многу предности“, рекла во едно интервју и признала дека станала посамоуверена, особено во кревет.

И понатаму не се грижи поради непријатните коментари на социјалните мрежи и вела дека е „посреќна од кога било претходно.“

Мажите го прогласија нејзиното тело за совршено а таа вели дека не сака брак и деца: „Немам мајчински инстинкт!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.