По прележувањето коронавирус, никако не правете го ова: Оваа грешка може да ве чини живот!

Лекарите предупредуваат

Фото: Getty Images

Периодот на мирување мора да трае минимум 4 недели

Добро познато е дека коронавирусот ги напаѓа белите дробови, како и целиот респираторен систем. Меѓутоа, утврдено е дека ковид-19 може да остави последици на срцето и да предизвика појава на тромб, а многумина наивно му пристапуваат на периодот по закрепнувањето, што може скапо да ги чини.

Експертите тврдат дека дури во 20 отсто од случаите, коронавирусот го оштетува срцевиот мускул.

„Вирусот го напаѓа најфиното ткиво на миокардот и на снимките се гледа дека ткивото на срцевиот мускул се заменува со сврзно, па затоа доаѓа до слабеење на срцето. Бројот на тие пациенти е огромен и може да се очекува епидемија на срцева инсуфициенција“, предупредуваат докторите.

„Сите оние што имале коронавирус, без разлика дали тоа било полесен или потежок облик на болеста, мора да имаат период на реконвалесценција. Тоа е услов за веќе оштетениот срцев мускул да не се оштети уште повеќе“, велат тие.

По коронавирусот, срцето може да си ја поврати силата и да закрепне, но само ако се испочитува периодот на одмор од минимум 4 недели. Дури и да не чувствувате млитавост, никако не ни помислувајте на физичка активност во тој период.

„Луѓето веднаш по негативниот ПЦР тест почнуваат со тренинзи, а тоа може да доведе до ненадејна срцева смрт. Во поблаги случаи, ќе доведе до трајни кардиолошки последици“, велат докторите.

Се вакциниравте против коронавирусот? Тогаш внимавајте на ОВА!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.