Мажите го прогласија нејзиното тело за совршено а таа вели дека не сака брак и деца: „Немам мајчински инстинкт!“
Кели Брук искрено
Кели Брук (41) со години е во врска со Џереми Перси (34), но таа не сака да се омажи и да раѓа деца
Кели Брук вели дека премногу ужива во својата слобода, па не ѝ ни паѓа на памет да стане мајка – мајчинството моментално не ѝ е ни во план.
View this post on Instagram
Кели во едно интервју открила дека не планира да се омажи и додала:
„Имам листа на работи што треба да ги направам, но бракот не е на неа.“
View this post on Instagram
На прашањето дали сака деца, таа рекла:
„Чувствувам дека бракот и децата не се работи што ги сакам. Сакам да патувам и да поминувам време со мојот партнер, сакам животни и ја сакам својата слобода. Сакам да бидам спонтана. Постојат толку многу работи што ги сакам и мислам дека бракот и децата само би ме спречувале во тоа. Се обидувам да замислам како би изгледало сето тоа кога би имала деца – тоа е голема обврска.
Многу е тешко да се зборува за сето тоа во 40-те години. Не велам никогаш, но сега тоа не ми е приоритет. Понекогаш размислувам за тоа, но брзо заборавам на таа тема. Едноставно го немам тој инстинкт“, признала Кели, која е во врска со Џереми од 2015 година, а во јули минатата година почнало да се шпекулира дека се свршиле.
View this post on Instagram
Сè почнало со една фотографија на која Кели покажала прстен што многу потсетува на свршенички:
„Ми го собира само на овој прст, но тоа не е свршенички прстен. Џереми го купи и на него го изгравира датумот на нашето запознавање, но тоа не е свршенички прстен и тој не ми го постави тоа прашање.
Всушност, немаме многу разговарано за брак. Тој е многу помлад од мене и има уште многу работи што сака да ги направи во животот. Така што нема да почнам да го притискам сега“, признала Кели.