Жената, чии пропорции пред 4 години се сметаа за идеални, денес изгледа вака (ФОТО)

Според истражувањето на научниците од Универзитетот во Тексас во 2016 година, британската актерка и моделка Кели Брук, чии димензии во тоа време биле 99-63-91, има најсовршено тело меѓу славните жени.

Од научна гледна точка, оваа жена е целосно природна и совршена“, заклучиле научниците.

Кели тогаш имала 66 килограми на висина од 168 сантиметри, а и мажите и жените воздивнувале по нејзините облини.

Самочетири години подоцна, се поставува прашањето дали ја препознаваат на улица, бидејќи 40-годишната убавица, во меѓувреме, се здебелила. Кели со својот пет години помлад дечко Џереми се „смирила“ во Лондон, каде што живее нормален живот.

 

Бев заситена од погрешни луѓе и негативни вибрации. Не би рекла дека живеам здодевен живот сега, но сега уживам во различни работи. Ја сакам својата градина, сакам да одам на работа, да го шетам кучето, го сакам момчето и да готвам“, објаснила Кели.

Изгледа дека готвењето дошло до израз за време на карантинот.

Има такви што се ‘смалија’ во самоизолација и такви како мене, кои дома имаат рерна, тостер и машина за сладолед. Очигледно добив неколку килограми, но откако го добивме кучето, килограмите само паѓаат затоа што секој ден пешачам со него. Ми ги носи патиките и ме тера да станам од кревет“, изјавила таа за „Сан“.


Кели признала дека сè уште претпочита да „лула“ отколку да биде слаба.

Во моментов носам број 38, а градите и колковите ми се на број 40. И тоа е мојата среќна големина. Во времето кога бев најслаба, воедно бев и најнесреќна во мојот живот. Кога го изгубив татко ми во 2007 година, носев број 36 и никогаш повеќе нема да го сторам тоа“, рекла Кели, истакнувајќи дека задоволството од сопственото тело доаѓа со возраста.


Престанувате да се грижите ако вашиот задник изгледа голем, само сакате тој да биде удобен. Сакам да изгледам убаво, да се чувствувам добро и да бидам најдобрата верзија на себеси, но не сакам да изгледам како да имам 20 години, туку како убава 40-годишна жена“, заклучила таа.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.