Само исфрлете ги овие 4 намирници од исхраната и ќе бидете фит до Нова година: Тврдење на нутриционист

Совет на експерти

Фото: Getty Images

Не ни помислувајте на оваа храна наредниов период

Ако во последно време сте се опуштиле и сте качиле некој килограм вишок, не грижете се. Со неколку корекции во исхраната, до Нова година ќе ја доведете линијата до совршенство.

Нутриционистите тврдат дека потребно е само да ги исфрлите овие 4 намирници од исхраната и килограмите ќе почнат сами да се топат. Патот до витата линија е многу полесен одошто мислите.

На овој начин можете да симнете од 5 до 7 килограми за само два месеца. Само треба строго да се придржувате до правилата.

Не ни помислувајте на овие намирници наредниов период:

1. Пржена храна

Јасно е дека пржената храна е првото нешто што мора да го исфрлите од мените доколку сакате вита фигура. Транс-мастите доведуваат до дебелеење, а предизвикуваат и складирање на мастите од други делови на телото во стомачната регија.

2. Бело брашно

Сите производи од бело брашно во текот на обработката ги губат хранливите материи и влакната и со самото тоа не ѝ се сојузници на витата линија. Доколку се јадат во големи количини, доведуваат до дебелеење и задржување вода. Замена за овие производи се оние од цели зрна.

3. Житарки полни со шеќери

Многу дами кога започнуваат диета ја прават истата грешка, поради која изостануваат резултати. Повеќето од нив се одлучуваат вообичаениот појадок да го заменат со мусли или гранола, но забораваат да ја прочитаат декларацијата на производот. Повеќето од нив содржат шеќери и масти, кои создаваат контраефект. Најдобро е да одбирате чисти житарки без никакви додатоци.

4. Газирани пијалаци

Тие се најголемиот извор на празни калории. Го полнат телото со голема количина на калории, а немаат никаква хранлива вредност. Постојат големи шанси дека ќе се здебелите ако редовно пиете сокови.

Почитувајте го ова и никогаш нема да се разболите: Тврдење на најпознатиот експерт за здрава исхрана!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.