Убавата неготинчанка Анастасија се враќа со титула од „Мис на Евроазија“ (ФОТО)

Македонско девојче!

Осумнаесетгодишната неготинчанка Анастасија Божинова ја освои титулата Втора придружничка на изборот за „Мис на Евроазија“ за 2022 година, кој вчеравечер се одржа во прекрасниот хотел „Титаник Мардан Палас“ во Анталија, Турција.

Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија победи претставничката на Бугарија, а титулата Прва придружничка ја освои Мис Казахстан.

Преубавата Анастасија е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа по 17-ти пат.

Таа на финалето се претстави во креација на Елена Лука, специјално изработена за оваа прилика.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.