Еве на кој начин жените треба да користат ленено семе: Го забрзува метаболизмот и ги намалува брчките!

Одличен совет

Кога ќе ја преминат 30-тата година, жените мора да почнат да внимаваат на своето здравје и на килограмите, бидејќи метаболизмот значително се забавува, па важно е да се исфрли од исхраната сето тоа што му штети на телото

Ако имате проблем со брчките, испробајте го овој домашен третман што побрзо! Тајната е во лененото семе, кое со своите лековити својства придонесува за подобрување на поткожното ткиво, ги подмладува масните клетки и го враќа оној младешки изглед во пределот околу образите, особено во чувствителните делови на кожата околу очите, каде што кожата е најтенка и најсклона на брчки.

Ставете лажица ленено семе во чинија и прелејте го со една третина шолја зовриена вода, мешајте го неколку минути, потоа покријте го со салвета и оставете го да отстои до вечерта.

Исцедете ја мешавината истата вечер. Користете ја водената маса со текстура на гел што ја испуштило лененото семе.

Нанесете го овој раствор од ленено семе на исчистено лице и врат со помош на стапчиња за уши. Не мора да го одбегнувате пределот околу очите, слободно нанесете го растворот и таму.

Кога маската ќе се исуши на вашето лице, повторно намачкајте ја. Повторете ја оваа процедура пет пати.

Ефекти на маската од ленено семе:
  • Ги подигнува цртите на лицето, ја тонира и затегнува кожата
  • Ги намалува широките пори
  • Ја хидрира кожата
  • Служи и како пилинг за кожата
  • Го намалува вишокот себум на масната кожа
  • Помага за спречување појава на акни и ги отстранува мозолчињата од лицето
  • Го забавува создавањето брчки и го елиминира создавањето тенки линии на лицето, бидејќи има својства што интензивно го забавуваат стареењето.
Лен за слабеење

Секое утро, прелејте едно лажиче ленено семе со малку вода и оставете го до вечерта. Навечер, наместо вечера, изедете го семето, грицкајќи семка по семка. Испијте ја и водата во која било потопено лененото семе.

Оваа напивка со семе ќе го забрза исфрлањето токсини од организмот и ќе го забрза метаболизмот.

При земањето лен, немојте да користите индустриски производи, шеќери и бело брашно. Ќе почувствувате комплетна преродба на телото по две недели.

Чудотворна напивка од ленено семе: Ги исфрла токсините, го топи целулитот, помага за слабеење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.