За едни иста како од ТВ, за други непрепознатлива: Актерката што ја играше Зелејха во жешко издание на плажа (фото)

Убава и згодна!

Коментари не се потребни, или… ?

Зулејха Јаман се само име и презиме на лик од турската серија „Горка земја“ која за кратко време ги освои срцата на публиката на овие простори. Хилал Алтинбилек се името и презимето пак на младата турска актерка која на доста оригинален и автентичен начин ја оживеа Зулејха.

Зулејха е млада и убава девојка која живее во Истанбул заедно со нејзината злобна маќеа, полубратот и снаата. Во бурните 70-ти години, таа заработува како кројачка и сонува да се омажи за својот сакан Јилмаз, вреден човек кој работи како автомеханичар. Зулејха и Јилмаз сакаат што поскоро да се венчаат и да го започнат својот нов заеднички живот. Сепак, се случува нешто неочекувано и тие стануваат невини жртви на судбината…

Серијата е снимена во повеќе сезони, но сценографијата и костимографијата се толку автентични за времето на дејството што дополнително и дава тежина на самата драма. Во серијата ќе поминат десетици носечки, но и споредни ликови. Сепак најголемото внимание го има Зулејха, која од дното ќе се искачи на врвот.

Младата актерка која ја игра Зулејха е родена во Измир во семејство со косовско потекло. На Инстаграм често споделува фотографии од приватниот живот. Дел од нејзините фанови сметаат дека е исто убава како и на ТВ екраните, додека други пак тежнеат кон тоа дека во приватниот живот е уште поубава.

Кој е вашиот став?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.