Мажот на Анастасија Ражнатовиќ ги шармира девојките со новата фризура по трансплантацијата, се огласи и Цеца! (фото)

Згоден и убав!

Никогаш до сега не бил толку посакуван…

Фудбалерот Немања Гудељ пред извесно време направи трансплантација на коса во Турција, која беше успешна, а сега отиде на фризер за да може да ја избере идеалната фризура за себе.

Фудбалерот на Севиља порано ја врзуваше косата во опавче, а на социјалните мрежи краде воздишки и со бројните тетоважи на телото. Но по трансплантацијата изгледа сосема поразлично и повторно ги шармира припадничките на понежниот пол.

Инаку, Немања ужива во љубовта со Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.

Тие двајца неодамна се венчаа, а пејачката го зеде презимето Гудељ.

За потсетување, по таквата одлука Цеца прокоментира дека Анастасија повеќе нема да е Ражнатовиќ.

„Според српските обичаи, така треба да биде. И јас го зедов презимето на маж ми, зошто и таа да не го направи тоа? Сосема е ок, ја поддржувам“, изјави фолк дивата.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.