Го паметите ли бато Кемал од „Ангели“? Во приватниот живот е сосема различен, вистински заводник по кој лудуваат дамите (ФОТО)

Едно е улога, друго е приватен живот!

Згоден и убав…

Скоро и да нема човек во Македонија кој нема слушнато за бато Кемал од своевремено популарната, турска серија „Ангели“ која се емитуваше на една од националните телевизии кај нас.

Во серијата бато Кемал е дрзок и лош човек кој сака да изврши обљуба врз ќерката на својата жена Месуде. Ресиси во секоја епизода бато Кемал предизвикуваше страв и напнатост, па на крај заврши на трагичен начин.

Но како велат, едно е на филм, а друго во приватниот живот. Зад ликот на бато Кемал стоеше славниот турски актер Кансу Фиринци.

Тој е роден на 16 март 1982 година во Анкара. Дипломирал на отсекот театар на Универзитетот Еге.

Во својата богата актерска кариера има стотици улоги во разни серии и филмови, како и театарски претстави.

На Инстаграм често споделува фотографии од приватниот живот, а судејќи според коментарите кои ги добива важи за еден од најзгодните и најатрактивните мажи во Турција.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.