Откако се дозна каде ќе пее за Нова година, Карлеуша нескромно призна и за колку пари ќе ги забавува присутните

Кој е како неа, за неколку часа ќе собере цело богатство...

Еднаш е Нова Година или сепак не?

И додека за некои е ноќ за славење за музичките ѕвезди секој последен ден од годината во тек е момент за правење пари. Секоја година забавуваат илјадници гости, во кафани, дискотеки или на плоштади, а сумата на пари која ќе ја заработи често ја чуваат во тајност.

Во пресрет на Нова Година веќе на големо се споделуваат програми, односно кој пејач и пејачка каде ќе настапи, но и за колку пари.

Во неодамнешно интервју Јелена Карлеуша откри каде ќе пее за новогодишната вечер. Притоа истакна и дека добро ќе биде платена.

„За Нова Година сум во Будва, а тоа значи дека за оваа Нова Година Црногорците најдобро платија! За репризата од најлудата ноќ во годината ќе бидам во Белград“, рече Карлеуша.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.