Толку се изобличил со филерите, што салоните веќе не го примаат: Готвач од Англија се навлекол на естетски интервенции! (ФОТО)

Ужас...

Алан Џексон (27) проценува дека има околу 30 мл филери само во устата, како и различни количини во образите, носот и брадата. Откако станал зависен од популарните третмани за убавина, ретки се салоните кои се согласуваат да му стават филери.

Дури и да прифтат, тој мора да потпише документ со кој се откажува од секаква правна постапка доколку нешто тргне наопаку.

Алан ги презел работите во свои раце и потрошил 1.500 фунти на курс за да научи самиот да си вбризгува филери.

Почнав со филери кога имав 20 години, и тоа во устата која подоцна ја полнев уште неколку пати. Би кажал дека тоа е зависност, бидејќи откако ќе ставам филери, се чуствувам многу подобро. Би рекол дека секоја шеста недела ставам филери на усните и образите – изјавил тој.

Постои ризик да ви пукне устата, а образите да ја растегнат кожата. Ако пуштам да се стопат филерите, сигурно ќе ми треба фејслифтинг, бидејќи кожата е растегната – објаснил Алан.

Кога барам салон да ми стават нови филери во устата, обично никој не прифаќа, но кога ќе кажам дека се согласувам да ги потпишам сите потребни документи во кои изјавувам дека во случај на распукување на устата, нема да го тужам салонот, некои се согласуваат – објаснил готвачот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.