Дали вашите усни се суви и испукани? Почестете ги со овој прекрасен пилинг и балсам!

Природно и ефикасно!

Со најтенка кожа на телото, на усните им е потребна постојана нега, во вид на пилинг и богат балзам. Но, нема потреба да одите во аптека. Дома веќе имате се што им е потребно за вашите усни.

Долгите зимски месеци со силни ветришта и ниски температури не се љубезни кон вашата кожа, а тоа особено се однесува на тенката и чувствителна кожа на усните. Ако вашите усни се суви, дехидрирани и/или испукани, а балсамите за усни купени во продавница не помагаат, можеби е време да погледнете во вашата кујна.

За разлика од некои пилинзи и балзами купени во продавница кои може да имаат состојки кои иритираат или сушат, најдобро е да се потпрете на 100 проценти природни состојки кои ќе ја вратат мекоста и сјајот на вашите усни.

Прв чекор: пилинг

Оштетените, испукани усни се покриени со слој од мртви клетки на кожата кои ги спречуваат хранливите состојки од балсамот да стигнат на вистинското место. Затоа, понекогаш првиот чекор во негата на усните е пилинг. Можете да го користите за лице, но во отсуство на купен од продавница, можете едноставно да го направите сами.

Ситно мелената хималајска сол или шеќер, искористениот талог од кафе или брашно во комбинација со капка-две маслиново или кокосово масло се претвора во највкусниот пилинг кој ќе направи чуда на сувите и испукани усни.

Чекор два: балзам за усни

Ако не сте нашле соодветен хранлив балзам или маска за усните, одлична алтернатива ќе биде кремата за очи или некои од природните состојки кои веројатно ги имате дома. За да ја вратите влажноста на усните по пилинг, можете да направите своја хранлива помада за една минута.

Гелот од листови од алое обезбедува одлична нега за сувите и испукани усни бидејќи содржи витамини, минерали, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки кои ја смируваат и хидрираат оштетената кожа. Подеднакво добар избор е и медот, кој покрај хидратантното и омекнувачкото дејство има и антибактериски својства, па може да спречи потенцијални инфекции кај испуканите и раскрвавени усни.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.