МАРТА на 81 година позира во костим за капење и испиша историја: Изгради деловна империја, беше во затвор и тврди дека немала пластична операција

Марта Стјуарт (81) е на насловната страница на новиот број на магазинот Sports Illustrated. Таа влезе во историјата како најстариот модел што се појавил на ваква насловна страница.

Марта откри како се подготвувала за снимањето и кои се малите детали од нејзиниот изглед гостувајќи во емисијата „Ту деј“.

Ѕвездата на насловната страница повторно е во центарот на вниманието, а со децении ја интригира светската јавност.

Не се изгладнував, но не јадев леб и тестенини неколку месеци. Порано одев на пилатес секој втор ден и тоа беше одлично. Се’ уште одам на пилатес и едноставно живеам уреден живот, добро се хранам, вежбам, ја негувам кожата…“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Glock Topickz backup (@_glocktopickz)

Марта за одличниот изглед ѝ се заблагодари на генетиката, посочувајќи дека нејзината мајка секогаш на плажа носела само бикини. Зборувајќи за својата рутина за нега, таа откри дека секое утро пие сок од зелен зеленчук.

Мислам дека сите треба да размислуваме за добар живот, за успешен живот, а не за стареење. Сè во врска со стареењето е толку досадно, знаете на што мислам, рече Марта Стјуарт, која тврди дека не направила пластична операција.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.