Тага: Почина еден од најпознатите готвачи во светот! (ФОТО)

На само 46 години...

Судијата во австралиската емисија „Master Chef“, Џок Зонфрило почина на 46 години.

Имено, Џок покрај учествувањето во емисијата, беше еден и од најпознатите готвачи во целиот свет.

Тој имаше ресторан во кој познатите биле често гости, меѓутоа, за време на ковидот познатиот готвач го затворил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jock Zonfrillo (@zonfrillo)

Тажната вест ја потврдило и неговото семејство, објавувајќи на социјалните мрежи.

„Потполно скршени срца и не знаејќи како можеме да продолжиме во животот без него, скршени што мораме да споделиме со вас дека Џок почина вчера. Толку зборови може да го опишат, толку приказни може да се раскажат, но во овој момент сме премногу тажни за да пренесеме со зборови. За тие кои му се најдоа на пат, му станаа пар или имаа среќа да бидат негово семејство, задржете го овој горд Шкот во своите срца кога ќе го пиете вашето следно виски“ – напишале тие и додале:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jock Zonfrillo (@zonfrillo)

„Ве молиме да не дозволите да тагуаме насамо додека пронајдеме начин да поминеме низ ова и да најдеме простор да прославиме нашиот незаменлив маж, татко, брат, син и пријател.

Скот беше женет со Лорен Фирд со кој имаат две ќерки, Ава и Софија, меѓутоа од првиот брак ги има Алфи и Иста.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.