„Ни знамето не знае да го држи правилно!“ Славниот готвач повторно на нишан на хејтерите (ФОТО)

Дури и кога ќе посака да направи добро дело, славниот турски готвач Нусрет Гокче предизвикува лавина од коментари, но негативни, за жал…

Така беше и овој пат, кога Нусрет Гокче по повод разорниот земјотерс во Мароко посака да изрази поддршка за настраданите, објавувајќи фотографија на својот инстаграм-профил.

Нашите срца се со оние кои се погодени од овој несреќен настан, со вас сме, Мароко, напишал готвачот покрај фотографијата на која, за жал, го држи знамето на државата, но свртено наопаку.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Очекувано, овој негов потрег не помина незабележано… во продолжение ви пренесуваме дел од „коментарите“ на неговите следбеници.

Ти благодариме. Сега сврти го знамето“, „Човекот нема поим“. „Барем држи го знамето правилно исправено. Колку некој може да има непочитување“, го критикувале следбениците.

Иако во помала мера, имало и такви кои застанале во негова одбрана.

Важна е намерата, а не начинот на кој го држи знамето. Ти благодарам за поддршката. Се надевам дека и вие останатите ќе го поддржите Мароко со донации и молитви“, напишала една инфлуенсерка, чиј коментар добил многубројни лајкови.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.