Во станот на Саша Видиќ пронајден мистериозен предмет: Крие мрачна тајна на познатите, ако излезе во јавност ќе биде хаос! (ФОТО)

Опасно...

Саша Видиќ почина изненадувачки на 24 април, а веднаш по погребот во неговиот стан била пронајдена книга на која модниот креатор почнал да пишува пред две години. Како и самиот кажал, пред неколку месеци, во таа книга пишувал за познатите пејачи со кои се дружел и соработувал, како и за тие со кои беше смртно каран.

Како што открил пријател на покојниот Видиќ, ако таа книга се појави во јавност многу од естрадата ќе останат во шок, бидејќи тој ги знаел скоро сите нивни тајни, прво на Цеца Ражнатовиќ со која бил нераздвоен 16 години, но и Јелена Карлеуша и Дара Бубамара, кои исто така знаел да ги поткачи.

Блиските пријатели на Саша по погребот во неговиот стан го пронашле лаптопот со неговите мемоари и недовршена книга. Во фиоката бил пронајден и дневник, не знам од кога го пишувал, но она што го прелистале на брзина, велат дека ги бележел своите мисли и се што му се случувало. На Саша голема желба му било да ја објави книгата, но бил мрзелив по тоа прашање и не се брзал да ја заврши. Пишувал полека и детално. Сешто има таму, тој сите свои пријатели и луѓе од естрадата ги нарекувал со друго име, но толку детално опишал што јасно може да за закчучи за кого е. Пишувал дури и за тоа која пејачка го украла љубовникот на својата колешка и тоа ќе предизвика хаос ако излезе во јавност – открива пријател на Саша.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.