Цеца Ражнатовиќ го покажа новиот задник во костим за капење: Еве како изгледа педесетгодишната пејачка (ФОТО)

Популарната пејачка во костим за капење!

Во новата епизода на гледаното шоу „Цеца и децата“, гледачите ќе имаат можност да видат како изгледал семејниот ручек по повод педесеттиот роденден на Цеца Ражнатовиќ, како и делот од куќата кој досега не беше прикажан – базенот.

Овој дел, Ражнатовиќ го реновираа пред две години, а во него сега има базен, сауна и простор за масажа.

Покрај базенот, фолк-пејачката покажа и како се опушта, а гледачите ќе имаат можност одблиску да видат како изгледа телото на Цеца Ражнатовиќ во костим за капење.

Веќе извесно време се зборува дека пејачката во Турција го зголемила задникот и дека за тоа потрошила околу 36.000 евра, за што таа не се огласи јавно.

Сепак, евидентно е дека телото на Цеца Ражнатовиќ изгледа совршено во костим за капење, а на нејзината беспрекорна линија би ѝ позавиделе и дваесетгодишни девојки.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.